ФИЛАНТРОПИЈА / ЕДУКАЦИЈА
Коалиција на младински организации СЕГА

Мисија
Коалиција на младински организации СЕГА работи на развивање и примена на младинските политики во РМ, ги поврзува и јакне младите со цел подобрување на нивната општа состојба.
Визија
СЕГА е одржлива и развиена младинска организација која делува на локално, национално и регионално ниво, долгорочен и сериозен партнер во имплементација на младински програми заедно со младите, НВО-и, државните институции и бизнис-секторот.
Нашето делување доведува до подобрена општа состојба на младите, нивна вклученост во донесување одлуки и примена на законски регулативи.
Нашиот успех се препознава во промовирањето на младите како ресурс во општеството, спремни да одговорат на новите предизвици.
Област на делување
Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа активна во полето на лобирање за промени во младинските политики и поддржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации, младинско информирање, младинско вработување, младинска вклученост и имплементација на младински програми
Целни групи
Млади луѓе, младински организации, здруженија и организации, здруженија кои работат со млади
Цели
- Зголемување на младинскиот активизам и младинското учество;
- Поддршка и развој на одржливо младинско организирање на национално и локално ниво;
- Креирање на поттикнувачки младински политики и простор во општеството за развој на младите во РМ.
Активности
- Коалиција на младински организации СЕГА е национална платформа на младински организации активна во полето на лобирање за промени во младинските политики, посветена кон подржување на младинскиот активизам, подобрување на пристапот до информации и учеството на младите луѓе во активности за решавање на нивните проблеми. СЕГА како одржлива и развиена младинска коалиција овозможува младите да веруваат во себе, да ги остваруваат своите интереси, да креираат и да градат.
Во своето тринаесет годишно работење СЕГА има изработено голем број на публикации, прирачници и мониторинг извештаи како и организирано голем број на семинари и обуки за подигнување на свеста за потребата од младинско учество како и застапување и лобирање за младинските потреби.
Директор
- Зоран Илиески
Сите членови на управен одбор
- Никола Станкоски (Волонтерски Центар Скопје) – Претседател
- Виктор Илиев (ИМКА Битола)– член на УО
- Кире Андонов (Младински Клуб Штип) – член на УО
- Миле Димкоски (Младински Совет Прилеп)– член на УО
- Љупчо Велковски (Интеркултура – Скопје) – член на УО
Сите членови на извршна канцеларија
- Зоран Илиески, Извршен Директор
- Томислав Гајтаноски, Административен и Финансиски Менаџер
- Моника Илиоска Кантарџиоска, Програмски Раководител
- Весна Коневска Стојаноска, Координатор на размени
- Георгина Вељаноска, Административен Асистент
- Миле Илиески, Финансиски Асистент
НАРАТИВНИ ИЗВЕШТАИ
ФИНАНСИСКИ ПОДАТОЦИ
ГОДИНА | ПРИХОДИ | РАСХОДИ |
---|---|---|
2013 год. | 12.524.499 МКД | 10.736.296 МКД |
2014 год. | 10.534.511 МКД | 9.783.466 МКД |
2015 год. | 12.642.269 МКД | 11.295.745 МКД |
Лице за контакт
Зоран Илиески, zorani@sega.org.mk
Телефон / факс
+389 48 429 390
Веб страна
Е-маил
Банкарски податоци за донации преку банка:
- Примач: Коалиција на младински организации СЕГА
- Цел на дознака: Донација за ММОН Програма
- Жиро сметка: 210-0594908405-72
- Банка депонент: НЛБ Тутунска Банка
СЕГА ја спроведува програмата Македонски Модел на Обединети Нации [ММОН] која ги поттикнува средношколците и студентите во Македонија, да се вклучат во моменталните настани и да развиваат меѓусебно разбирање, демократија и меѓукултурна соработка. ММОН поттикнува слобода на говор и ги зајакнува капацитетите на младите за застапување, лобирање, дипломатија, решавање на конфликти, јавно говорење и пишување. Програмата вклучува млади од различна етничка и социјална припадност во локални ММОН клубови и организирање на Национална Конференција каде учесниците ќе дебатираат на глобални проблеми и ќе развиваат решенија, и ќе имаат можност да дискутираат младински проблеми во Македонија како невработеноста и животната средина.

Очекувани постигнувања од проектот
- Преку ММОН програмата младите ќе ги зајакнат своите вештини за истражување, јавно говорење, пишување, дебатирање, застапување, дипломатија, градење на компромис, меѓукултурна соработка и толеранција.
Со учеството во ММОН ќе се зголеми самодовербата кај младите и преку стекнатите вештини ќе се обезбеди нивна поголема вработливост.
Програмата ќе го поттикне младинското учество и ќе се создаде можност за вмрежување на млади со различна географска, етничка и социјална припадност во Македонија и на Балканот.
ММОН програмата се спроведува на англиски јазик, па оттука учесниците ќе имаат можност да ги подобрат своите вештини и способности за пишување, читање и говорење на Англискиот јазик.
Сума на средства коишто се потребни за реализација и времетрање на кампањата за прибирање средства
- Целосна сума потребна за реализација на програмата Македонски Модел на Обединети Нации е €4.517,00.
Вкупно времетраење на кампањата за прибирање средства е 6 месеци.