
Клуб на одговорни бизниси
КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ
Програма за корпоративно волонтирање
Волонтирањето има моќ да ги трансформира луѓето и заедницата
Волонтирањето значи донирање дел од сопственото време за доброто на заедницата и нејзините членови. При корпоративното волонтирање компанијата е подготвена нејзините вработени дел од работното време, таленти и вештини да го вложат за позитивни промени.
Корпоративното волонтирање е активност од која сите добиваат: компанијата, вработените и локалната заедница.
Придобивки за компанијата
Прибивките со кои се стекнува компанијата се многу и овие активности влијаат на сите аспекти од работењето, како што се подбрување на сликата за компанијата , градање на корпоративна култура, позадоволни вработени.
Придобивки за вработените
Со вклучување на вработените во активностите, тие развиваат одредени клучни вештини (решавање проблеми, менторство, комуникација), ја зголемуваат самодовербата и откриваат нови таленти и вештини, се јакне тимскиот дух, се прошируваат контактите, погледите и знаењата на вработените.
Придобивки за заедницата
Со учеството во волонтирањето во заедницата се обезбедува дополнителна работа сила за справување со одредени предизвици, се облагодарува одреден простор и се креираат финансиски заштеди.
Што нудиме?
Клубот на одговорни бизниси нуди програми кои овозможуваат мерливо и реално влијание во заедницата. Активностите кои се реализираат имаат големо значење за корисниците и се спроведуваат онаму каде навистина има потреба. Притоа разликуваме два вида на корпоративни волонтерски предзивици: тимски и индивидуални предизвици.
Активностите наменети за тимови (тимски физички волонтерски предизвици) – бараат доза на физички напор, за кој не е потребна претходна подготовка. Волонтирањето се спроведува во поголеми групи. Целта е заедничките активности да направат конкретна промена. На пример: уредување простори, реновирање објекти, еколошки акции и сл.
Активностите наменети за индивидуалци (индивидуални волонтерски предизвици)- бараат специфични знаења и вештини, коишто вработените ќе ги пренесат за да решат одреден проблем. За разлика од тимските предизвици, овде до израз доаѓаат личните способности. На пример: подучување на лица од трето доба, помош на лица со попреченост, помош на деца при совладување одредени вештини и сл.
За да осигури успешна реализација на активностите, Клубот на одговорни бизниси ќе ве подржи преку:
- Обмислување и организирање волонтерски програми и акции;
- Поддршка и урнеци за интерна комуникација во вашата компанија;
- Подготовка на вашите тимови и волонтери со потребни ресурсни материјали, насоки итн.;
- Целосна организација и логистика;
- Евалуација на волонтирањето;
- Промовирање на компаниите и волонтерската активност.
Повеќе информации можете да најдете тука.