fbpx
ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ИНДИВИДУАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА

Што е ознака за доверба?

Ознаката за доверба претставува само-регулирачки систем кој има за цел на граѓаните и компаниите да им го олесни изборот на доверливи организации во коишто можат да донираат. Таа се стреми долгорочно да ја зголеми довербата помеѓу граѓанските организации (ГО) и локалните донатори. Ознаката се добива преку внимателно креиран процес и критериуми за транспарентност, отчетност, резултати од работењето, почитување на законската регулатива итн. Граѓанските организации коишто ја поседуваат ознаката за доверба се добри партнери на граѓаните, но и на останатите чинители во заедницата. За целите на спречување перење пари (AML) и спречување финансирање тероризам (CFT), „Ознаката за доверба“ е надградена со критериуми во согласност со стандардите на ФАТФ (Financial Action Task Force).

Зошто да донирате во организација што ја поседува ознаката за доверба?

  • Поминале процес на внатрешна проверка на работењето;
  • Одбор од експерти од повеќе области извршил евалуација на работењето на ГО;
  • Препознаени се во заедницата како доверлив партнер кој работи во јавен интерес;
  • Зголемена транспарентност и отчетност на ГО;

Принципи и критериуми на ознаката за доверба

За да ја стекне ознаката за доверба, ГО треба да се придржува кон одреден сет на принципи и критериуми во следните области:

  • Мисија и вредности;
  • Демократско управување на организација;
  • Финансиско управување;
  • Транспарентност и известување;
  • Комуникација и застапување;
  • Прибирање на средства;
  • Човечки ресурси;

Граѓанските организации за да ја добијат ознаката за доверба прво вршат само-оценка односно, пополнуваат прашалник за евалуација на своето работење, а потоа одборот на ознаката за доверба врши проверка на целата документација и дополнителни средби со ГО. На овој линк можете да го погледнете Водичот за пријавување за добивање на ознаката. На крајот од овој процес Одборот одлучува дали ГО ќе ја добие ознаката за доверба.