fbpx
odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Зошто да се зачлениш во клубот?

Членувањето во национални мрежи секогаш претставува голема предност за секој член, уште повеќе кога се работи за мрежа составена од компании со заеднички интереси кои чекорат напред кон градење на успешна заедница преку взаемна соработка и јакнење на бизнисите.

Доколку станете член на клубот на одговорни бизниси ќе се стекнете со следниве придобивки:

  • Подобрена репутацијата базирана на вистински вредности– заедницата и останатите бизниси ќе ве препознаат како прогресивна компанија којашто се залага за одговорно делување и работење;
  • Бизнис придобивки на долг рок- истражувањата покажуваат дека купувачите и клиентите преферираат и се лојални на компании кои вложуваат во заедницата;
  • Развој на човековите ресурси- ќе ги задржите постојните вработени и ќе привлечете нови таленти. Зголемувајќи го задоволството на вработените ќе ја зголемите нивната продуктивност и ќе се стекнете со репутација на добар работодавач;
  • Штедење ресурси- здружувањето со други компании за заедничко спроведување директни активности ќе ви заштеди време, финансиски и човечки ресурси. Дополнително, како дел од клубот добивате пристап до обуки и значајни материјали, што инаку би биле дополнителен трошок;
  • Вмрежување и следење на светските трендови- да се биде во чекор со постојаните промени е огромен предизвик денеска. Преку различните настани за членките ќе бидете поблиску до најновите трендови;
  • Можност за лидерство – членувањето во клубот ве става во групата лидери во бизнис заедницата, кои можат да бидат пример и водилка за другите компании.