fbpx
kon-0

Конект

КОНЕКТ

Персонал

М-р Никица Кусиникова, извршна директорка

Има завршено европски постдипломски студии по компаративен локален развој при Универзитетот од Тренто, Универзитетот од Регенсбург и Корвинус Универзитетот од Будимпешта. Магистрира на темата „Филантропија кај дијаспората како потенцијален ресурс за невладините организации во Македонија“. Следејќи ја својата примарна струка, како дипломиран инженер по електротехника има работено во Македонска Радио Телевизија. Преку осумнаесет години работи на раководни позиции и како консултант во меѓународни и домашни развојни програми. Таа е еден од клучните експерти во Македонија и регионот во областите на општествена одговорност, филантропијата и социјалното претприемништво и е авторка на повеќе публикации и истражувања. Никица е Претседателка на Националниот совет за развој на волонтерството, Претседателка на Локалната советодавна група на Проектот ТАКСО и заменик член на Националното координативно тело за ООП. На меѓународен план, како контакт лице на Македонската мрежа, ги претставува Локалните мрежи на Глобалниот договор од Источна Европа во Советодавната Група на ГД на Обединетите Нации. Волонтерски членува во управните одбори на неколку организации. Во слободното време сака да патува.
Областите во коишто донира се: заштита на животните, унапредување на демократијата и човековите права како и сите непрофитни организации со коишто директно соработува. Пишете и на Никица на nikicak@konekt.org.mk

 

Виктор Мирчевски, програмски раководител

Тој е магистрант по политички студии на TEMPUS програма по Европски институции и политики. Од тука и од претходните работни искуства во Секретаријатот за европски прашања и во Националниот демократски институт за меѓународни односи (НДИ) Македонија, произлегува неговиот интерес за иницијативите поврзани со подобрување на законската регулатива и нејзината примена. Во својата работа во Конект е одговорен за обмислувањето, раководењето и спроведувањето на програми поврзани со филантропија, законодавните иницијативи, како и меѓународните иницијативи на Конект за општествена одговорност на претпријатијата. Работата со компаниите, институциите и граѓанските организации, како и нивното поврзување го исполнува.

Покрај посветеноста работата во Конект, Виктор наоѓа време да се посвети и на уметноста. Пишете му на Виктор на  viktorm@konekt.org.mk

 

Наташа Ивановска, финансиска и административна соработничка

Таа е дипломиран новинар со дополнително завршени додипломски студии на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Од своите средношколски денови е активист во граѓанскиот сектор, а со програмски активности почнува да работи во почекотот на своите студии. За време на студирањето е ангажирана на проекти поврзани со младинското работење и младинските организации, потоа се префрла во спроведување на проект на УСАИД и денес е дел од тимот на Конект. Страствен гурман кој ужива во одлични јадења, јога и патувања.

Пишете и на Наташа на natashai@konekt.org.mk

 

Ирина Хаџи Митова, програмска соработничка

Таа е политиколог и магистрант на TEMPUS програмата по Европски институции и политики. Уште за време на студиите ја балансира потребата за едукација и работа, платена и волонтерска, во приватниот, граѓанскиот и државниот сектор. Со повеќе од 10 години работно искуство во граѓанскиот сектор и во меѓународни организации (NDI и CARE) како програмска и финансиска соработничка, се има здобиено со познавање за менаџирање на проектен циклус, застапување во разни области, како и финансиско известување за различни донатори. Долго е поддржувач на работата на Конект и конечно е дел од тимот кој со години ја инспирира особено да донира. Во Конект ги проширува областите на кои работи кои меѓу другото вклучуваат и спречување перење пари и финансирање тероризам кај непрофитните организации. Слободното време го насочува на повеќе хобија и интереси кои вклучуваат аргентинско танго, шиење, гастрономија и патувања.

Пишете и на Ирина на irinahm@konekt.org.mk

 

Кристина Тасевска, финансиска и административна соработничка

Дипломирана економистка која знаењето стекнато во бизнис секторот изминатите 20 години го применува и надградува во граѓанскиот сектор. Финансиите и финансиското менаџирање кои и се пасија и специјалност, знаат да бидат интересни, предизвикувачки и инспиративни, посебно кога се имаат предвид крајните корисници на развојните пректи од странски донатори како УСАИД, ДЕУ, Холандската амбасада, Детската фондација Песталоци. Поради тоа и по бројните работни саати минати со ексел табели и извештаи, ја користи секоја можност да волонтира – особено на проекти за едукацијана деца. Покрај тоа, полни батерии и со вежбање јога, читање книги, запознавање нови луѓе и места, дружби и патувања.

Пишете и на Кристина на kristinat@konekt.org.mk

 

 

 

Сандра Анастасовска, проектна раководителка

Таа е магистрант по Деловно право на правниот факултетот „Јустинијан први“ во Скопје. Во своите младински денови како претседател на најголемата младинска организација „Младински образовен форум“ се посветува на младинското учество, квалитетното образование, борбата за човекови права и младинскиот активизам. Има 15 години искуство во управување со проекти и програми во различни сектори, платформи и менаџирање на канцеларии на национално и локално ниво. Долгогодишна обучувачка на теми поврзани со стратешко планирање и застапување; граѓанско образование; право на ЕУ; родова еднаквост; граѓанско учество и младински политики. Како поддржувачка на европските вредности учествува во застапување на граѓанкото учество во процесот на пристапување кон ЕУ како дел од тимот на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ). Силно верува во филантропијата и во правењето добро за заедницата и граѓаните. Денеска и професионално се посветува на градење филантропска инфраструктура за креирање на активни и дарежливи заедници како дел од тимот на Конект. Феминистка која сака книги, музика и патувања. Се радува на времето поминато со своето семејство.

Пишете и на Сандра на sandra@konekt.org.mk