fbpx
ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА

Кој ја доделува ознаката за доверба?

Ознаката за доверба ја доделува одбор којшто е составен од 10 независни члена – експерти од областа граѓанскиот сектор, бизнисите и ревизорските куќи. Одборот е составен од следниве членови:

  • Никица Кусиникова – извршна директорка на Конект;
  • Емина Нурединовска – експертка, Европски центар за непрофитно право;
  • Магдалена Славејкова – менаџер за човечки ресурси во цементарница УСЈЕ;
  • Николаки Миов – овластен ревизор и менаџер за сектор на ревизија и ИТ во Ефект плус;
  • Анѓелка Пеева Лауренчиќ – директор на Имиџ ПР;
  • Борче Смилевски – раководител за даноци во Дилоит ДОО;
  • Александра Савевска – соработничка на проект, Македонски центар за меѓународна соработка;
  • Дијана Рикаловска – заменик овластено лице во одделот за усогласеност со прописи и спречување перење пари и финансирање теророизам, Шпаркасе Банка АД Скопје;
  • Соња Бојаровска – член со искуство во ООП;
  • Славко Лазовски – експерт за даночни прашања.

Одборот на ознаката за доверба детално го разгледува работењето на граѓанските организации коишто аплицирале за добивање на ознаката за доверба и одлучува дали пријавените организации ќе ја добијат ознаката. Организациите коишто не ги задоволуваат критериумите за добивање на ознаката за доверба ќе добијат насоки како да го подобрат работењето на организација за да може во иднина да аплицираат повторно и да ја добијат ознаката.