fbpx
ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / КОРПОРАТИВНА ФИЛАНТРОПИЈА

Донирај време - волонтирај!

Да волонитраш значи да го донираш своето време за соодветна кауза. Волонтирањето може да се реализира индивидуално, но и на ниво на компанија. Корпоративно волонтирање е интернационална општествено одговорна практика за вклучување на вработените во волонтерски активности што не се дел од оперативното работење на претпријатието. Корпоративното волонтирање придонесува за зголемување на мотивацијата на вработените, позитивно влијание на пошироката заедница, ширејќи свест и придонесувајќи решавање на одреден општествен проблем.

Волонтерските активности придонесуваат за:

  • Зајакнување на тимскиот дух на вработените;
  • Позадоволни и попродуктивни вработени;
  • Поврзување со заедницата и заедничко решавање на проблемите;
  • Остварување на целите за општествена одговорност на претпријатијата.

Клубот на одговорни бизниси нуди посебна програма за волонтирање. Во оваа програма се вклучени повеќе индивдиуални и тимски предизвици. Тимските предизвици овозможуваат вклучување на повеќе волонтери во една заедничка активност, а додека кај индвидуалните вработените самостојно учествуваат во активноста. Активностите се организирани во соработка со доверливи организациии коишто имаат искуство во соодветна област. Сепак доколку сакате да организирате волонтерски предизвик којшто е надвор од планираните активности на клубот, Конект ќе им пружи поддршка во креирање на сопствени волонтерски предизвици.

Конект ви нуди можност преку оваа веб платформа брзо и лесно да ја остварите својата донација во некоја од доверливите граѓанските организации за коишто повеќе може да прочитате тука (Ознака за доверба). Таму можете да најдете организации коишто поминале низ системски проверки и се означени како доверливи организации. Донирањето ќе го извршите само со неколку клика, брзо и едноставно.