Јавен повик за компании: MAMFORCE

Проектот Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект и Бизнис Конфедерација отвора јавен повик до компаниите за учество во процесот за поддршка во имплементацијата на MAMFORCE стандардот.

MAMFORCE® ги поттикнува работодавачите, со одговорно управување да им помогнат на вработените во усогласувањето на нивниот приватен и деловен живот. Однесувајќи се со разбирање кон нивните семејни обврски, тие создаваат можности за еднакво успешен развој на кариерите на вработените мајки и татковци.

Поддршката за спроведувањето на стандардот ќе биде преку проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права. Активностите на проектот се фокусирани кон: 1) активно учество на релевантни засегнати страни во политичкиот дијалог и подигање на свеста во однос на Водечките принципи на ОН за деловни и човекови права (ВПОН); 2. подобрени разбирање, капацитети и знаење за насоките за бизнис и човекови права меѓу бизнис заедницата.

За постигнување на овие цели проектот нуди единствена можност на  пет мали и средни претпријатија во имплементацијата на MAMFORCE стандардот, со услуги во противвредност од  1720 евра до 2745 евра, во зависност од компанијата. Доколку компанијата ги исполнува критериумите, ќе го добие стандардот Prime Mamforce и упатства како да ги подобри своите политики и како да ги интегрираат Водечките принципи на ОН за бизнис и човекови права (ВПОН).

Аплицирајте со пополнување на пријавата за поддршка најдоцна до 12.11.2018.

Дополнителни информации за MAMFORCE можете да најдете на www.mamforce.mk