
Конект
КОНЕКТ
Вклучување на Националната агенда за општествена одговорност на претпријатијата (ООП) во главните текови - Поддршка за националната платформа за ООП
Датум: 01/07/2010 – 31/12/2012
Донатор: Европската Унија во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (CIP)
Имплементација: Спроведуван од Министерството за економија во партнерство со: Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојузот на стопански комори на Македонија и Здружението Конект. Конект е беше одговорна за третата компонента којашто вклучува организација на доделување национална награда за ООП, известување од државните и приватните претпријатија за мерките за ООП кои ги спроведуваат, мапирање на потребните чекори за воведување ООП во процедурите за јавни набавки и консултации и експертска поддршка за креирање политики за работните групи на државните институции и Националното координативно тело за ООП.
Општа цел на проектот: Обезбедување поддршка на вклучувањето на практиките и политиките за ООП во главните текови, во рамките на делувањето на различни чинители за ООП во Република Македонија.
Целни групи: Oпштата јавност и медиумите; претпријатијата (особено малите и средните претпријатија); граѓанските организации и претставници на Владата.
Постигнати резултати:
- Подобрување на свеста на јавноста за концептот и придобивките од ООП;
- Развиени капацитети и компетенции на главните засегнати страни во областа на ООП;
- Креирана поволна средина за развој на ООП;
- Организирана Национална награда за ООП на годишно ниво;
- Конект објави 5 публикации од областа на ООП;
- Конект обезбеди консултантски услуги за ООП известување на 10 мали и средни претпријатија;