Пријавите интерес за учество на обука за финансиско управување, транспарентност и отчетност.

Обуката е обезбедена од проектот „Промени за одржливост“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од здружението Конект, Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика. Проектот има цел да придонесе во градењето поволна средина за финансиска одржливост на граѓанските организации (ГО)  во земјата.

За кого е наменета обуката?

Оваа општа обука ќе им помогне особено на помалите и „грас-рут“[1] организациите да се стекнат со способности за финансиско управување, одржливост и отчетност. Обуката е полезна и за сите други  граѓански  организации што сакаат да ги унапредат практиките и процедурите поврзани со овие теми.

Каква е содржина на обуката?

Финансиско управување

  • Генерални принципи;
  • Запознавање со законските обврски на ГО;
  • Формулирање на процедури за финансиско управување;
  • Административни аспекти на финансиското управување.

Финансиска одржливост

  • Извори на финансирање за ГО;
  • Диверзифицирање на приходите;
  • Правен аспект и обврски.

Транспарентност и отчетност

  • Придобивки и важност на транспарентноста и отчетноста;
  • Поврзаност со прибирањето средства;
  • Алатки за транспарентност и отчетност.

Кога и каде?

Обуката ќе се одржи во Скопје на 22.02.2018 год. и 23.02.2018 год. (четврток и петок).

Точната локација на одржување на обуката ќе биде објавена откако ќе заврши пријавувањето. Патните трошоци за оваа обука се на товар на учесниците. Затоа, оваа обука е примарно наменета за претставници на граѓански организации од Скопје и околината.

Истата обука ќе се одржи и во град надвор од Скопје и тоа ќе биде дополнително објавено.

Како да се пријавите?

Пополнете <<формулар за пријавување>> интерес и пратете го на fondacija@apollonia.com.mk најдоцна до 19.02.2018 год. до 12 часот. Поради големиот интерес и ограничениот максимален број на учесници можно е да се спроведе процес на селекција.

[1] „Грас-рут организација е самоорганизирана група на поединци кои работат за заеднички интереси преку волонтерски-базирана, непрофитна организација. Грас-рут организациите обично имаат низок степен на формалност, но поширока цел од групите за самопомош, организации во заедницата или месните заедници.“

Anheier, H./List, R. Dictionary of Civil Society, London: Routledge, 2005