fbpx

Граѓаните со донации го прославија крајот на 2020 годинa

Под мотото „Да донираш е љубов“ на 29 декември 2020 онлајн го организиравме донаторскиот кружок на којшто над 150 граѓани, поради пандемијата, онлајн се здружија за паметно да донираат за три организации. Испраќајќи порака на солидарност, тие го прославија крајот на 2020 година со надеж и позитивна енергија за подобра следна година. Преку 60 граѓани донираа 445.000 денари за иницијативи што долгорочно ја унапредуваат благосостојбата на граѓаните и заедниците, а поддршката понатаму растеше. На настанот се вклучија и компаниите Пивара Скопје, Тинекс и ЕВН коишто великодушно ги здружија своите донации со донациите на граѓаните.

Донаторскиот кружок е ззаедница на граѓани што донираат не само хуманитарно, туку и за постигнување на долгорочна промена во нашите заедници. Пандемијата не натера да размислиме за вредностите и приоритетите што ги имаме како граѓани и како општество. Ни укажа на неопходноста од солидарност и дека само заеднички  може да изградиме подобро утре. А, токму тоа се вредностите што ги негуваме во донаторскиот кружок.

На настанот дониравме за три доверливи организации коишто ја заслужија поддршката од членовите на донаторскиот кружок:

  • Здружението за дислексија „Ајнштајн“ од Скопје за воведување на „Невро-баланс“ програмата за деца којашто на децата со дислексија ќе им овозможи да читаат без мака;
  • Здружението Рурална коалиција од Куманово за отворање на првиот онлајн пазар на земјоделски производи што ќе им овозможи на 200-300 жени-земјоделки и нивните семејства да заработат приход, а на граѓаните здрава храна достапна за сите;
  • Здружението Доброволното пожарникарско друштво од Свети Николе коишто во последните години изгаснале над 300 пожари, за да изградат гаража за противпожарните возила и да продолжат да ги спасуваат нашите животи и домови.

Настанот покажа дека средствата коишто секој поединец може да ги издвои како донацијата претставуваат моќна алатка кога заеднички се насочуваат. Здружените донации помагаат во вистинско решавање на проблемите, а не само во санација на горливите прашања во општеството. Конект им благодари на сите граѓани и компании коишто донираа и го поддржаа донаторскиот кружок.

Конект потпишува договори за донација со организациите и го следи нивното работење, а со донаторите одржуваме редовна комуникација и ги информираме за ефектите од нивната донација.

Сите заинтересирани донатори граѓани се повикуваат да пристапатна донаторскиот кружок, да побараат совет директно во Конект или на konekt@konekt.org.mk за тоа каде паметно да ја вложат својата донација.

Донаторскиот кружок е поддржан од програмата Цивика Мобилитас која го поддржува годишниот план за работа на Конект.

Сите информации на овој <<линк>>