
Клуб на одговорни бизниси
КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ
Опис на услугите што ги нуди конект
Конект покрај своите основните прокетни активности исто така обезбедува и дополнителни услуги за претпријатијата, семејства и граѓанските организација, коишто вклучуваат обуки и консултации на претпријатијата, поединците и нивните семејства во доменот на филантропијата и општествената одговорност на претпријатијата (ООП). Тимот на консултанти поседува големо искуство во работење со деловниот сектор, граѓанските организации и државните институции. Во доменот на ООП, Конект е единствената организација во Македонија која е сертифицирана за примена на методологијата РЕАП (Responsible Entrepreneurship Achievement Program) разработена од Организацијата на ОН за индустриски развој (УНИДО). Покрај постојаниот тим на консултанти, согласно потребите ангажираме и соработници ‐ експерти од Европа и регионот.
Генерално, услугите на Конект опфаќаат:
- Идентификување на потребите и приоритетите во доменот на ООП;
- Изработка на стратегии и програми за ООП и нивна имплементација;
- Изготвување на извештаи;
- Оценка на влијанието и резултатите;
- Обука на вработените;
- Изготвување на апликации за награди и други комуникациски продукти поврзани со општествената одговорност;
- Идентификување на можности за финансирање на проекти и инвестиции од доменот на ООП;
- Правна помош во доменот на ООП.
Деталната листа на услуги во прилог е поделена на два сегменти: 1) услуги во доменот на филантропијата односно донациите и 2) услуги во доменот на општествената одговорност кој гоопфаќа деловното работење на компанијата од аспект на влијание врз општеството и животната средина а насочено кон долгорочниот одржлив развој. Оваа листа не е исцрпна и може да се надгради со други видови на соработка во зависност од потребите на компанијата.
Постигнување на eфективна филантропија
- Изработка на стратегија за корпоративна филантропија која ќе ги следи вашите интереси и приоритети и ќе биде интегрирана во целокупната стратегија за општествена одговорност на претпријатието (ООП);
- Креирање на систем и програми за донирање;
- Администрирање на програми за корпоративна филантропија;
- Оценување на апликации и барања за донации доставени до претпријатието;
- Следење и оценување на грантови и програми за корпоративна филантропија;
- Идентификување и поврзување со исполнителни и доверливи приматели на донации, невладини и други непрофитни организации;
- Истражување на конкретно прашање во областа од интерес за корпоративна филантропија на претпријатието (потребите, моменталната ситуација, актерите кои делуваат на тоа поле и сл.);
- Подготвување на извештаи за корпоративна филантропија за внатрешна и надворешна
употреба; - Поддршка во ползувањето на даночните поттикнувања согласно македонската регулатива (Законот за донации и спонзорства во јавните дејности и др.);
- Поврзување и размена на искуства со други претпријатија од Македонија и светот;
- Дизајн на „специјални проекти“ ‐ иновативни приоди во доменот на корпоративна филантропија и вложување во заедницата, специјално осмислени за потребите на претпријатието;
- Обезбедување на промоција на Програмата за донации и спонзорства во јавноста;
- Обука за вработените во претпријатието во било која од горенаведените области.
Услуги во доменот на општествената одговорност на претпријатијата (ООП)
- Анализа и идентификување на приоритетните аспекти од доменот на ООП за претпријатието;
- Идентификување и вклучување на засегнатите страни за претпријатието;
- Изработка на стратегија за ООП интегрирана или во одредени домени од ООП;
- Подготвување на извештаи за ООП за внатрешна и надворешна употреба;
- Дизајн и подготовка на програми за ООП во било кој од сегментите на општествената одговорност;
- Интегрирање на практиките за донирање во целокупната стратегија за ООП;
- Изготвување на апликации за награди за ООП во Р. Македонија и на меѓународно ниво;
- Изготвување на комуникациски продукти за ООП (одделно или во соработка со постоечкиот тим на компанијата);
- Консултации за имплементација на стандардот за ООП ‐ ISO 26000 како и други стандарди поврзани со ООП;
- Поврзување и размена на искуства со други претпријатија од Македонија и светот;
- Обука за вработените во претпријатието во било која од горенаведените области.