fbpx
odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Подготвени за работа

Програмата има за цел да воспостави соработка помеѓу граѓанскиот сектор, бизнис секторот и институциите за да овозможи насочување и обука на лица од 17 до 29 години за ефективно вклучување во пазарот на труд.

Високатата стапка на невработеност на младите и нивното иселување претставува проблем за општеството и финансиски ги оптоварува лицата кои се вработени. На долг рок компаниите се соочуваат со кусок на работна сила. Младите тешко наоѓаат работа како резултат на низа околности. Постојат разлики помеѓу барањата на работодавачите од бизнисот и она што можат младите да им го понудат со нивните вештини и искуство. Дополнително образовниот процес не е секогаш во согласност со барањата на деловните субјекти. Бројот на млади што ги гледаат приватните компании како посакувани работодавачи е многу мал, бидејќи немаат доверба во нив и не им се познати можностите што тие ги нудат.

Програмата им помага на компаниите:

  • Да ги унапредат своите политики и практики за младинско вработување;
  • Да станат посакуван работодавач за млади;
  • Да дознаат повеќе за нивните потреби и да креираат алатки за директна работа со нив.

Времетраење: 3 месеци

Алатки:

Менаџерите за човечки ресурси на претрпијатијата коишто ќе се приклучат на оваа програма ќе добијат водич со чија помош ќе може да ги подобрат своите политики за вработување и да ги прилагодат огласите за вработување на млади лица.

„Водичот за прилагодување на интерните политики за вработување на претпријатијата“ ќе биде изработен од страна на Конект, во соработка со младинската организација.

Активности:

  • На иста маса – настан на кој компаниите, организациите и институциите дискутираат за потребите на различните групи при вработувањето и се согледуваат можните акции за решавање на проблемите со висока невработеност на младите;
  • Во работна средина – посета на компанијата од страна на младите лица и запознавање одблизу со работата и со одговорните раководители на секторите. Оваа активност дава практичен одговор за тоа како изгледа работното место и појасна слика за нивното идно посакувано вработување;
  • Личен советник за претставување – обука, спроведена од раководителите за човечки ресурси во компаниите за пишување CV и мотивациско писмо. Учесниците имаат можност своето CV и мотивациско писмо да ги остават во компанијата;
  • Генерална проба – можност за симулација на реално интервју за работа. Учесниците добиваат коментари и насоки за надминување на предизвиците и подобрување за во иднина;
  • Други активности што ќе бидат во насока на остварување на целта.