fbpx
ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Мрежа за финансиска одржливост на ГО

АКТУЕЛНО

  • Важни рокови за ГО до крајот на февруари 2024 година. Прочитајте повеќе <<тука>>;
  • Важни закони се менуваат: Застапуваме промените да се случат. Прочитајте повеќе <<тука>>.

Прочитајте подолу:

  • Како да се зачлените во мрежата?
  • Кои се досегашните активности и постигнувања?
  • Кои се членки на мрежата?

Се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации да учествуваат во работата на мрежата.

Мрежата за финансиска одржливост на ГО е неформална коалиција за застапување за промени во регулативата што се однесува на даночниот третман и финансиското работење на ГО. Основана е од Конект во партнерство со Фондација Аполонија. Мрежата застапува за поволни промени во следните области:

  • Даночниот третман на ГО;
  • Даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес;
  • Сметководствениот систем за непрофитни организации;
  • Статусот на ГО како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување;
  • Социјално претприемништво и модели на финансиска одржливост.

Мрежата е отворена за широко учество на ГО со различни мисии и нивоа на развој. Членството на мрежата е организирано во две нивоа и тоа:

  • Ниво за застапување – соодветно за организации со капацитет и искуство во застапување, анализа на јавни политики и/ли со специфична експертиза од областите на интерес на мрежата. Ќе се очекува организациите од ова ниво директно да се вклучат во обмислувањето и реализацијата на активностите за застапување;
  • Ниво за поддршка – соодветно за организации што од различни причини не се во можност директно да се вклучат во активностите, но ја поддржуваат мрежата и се вклучуваат во активностите. Ова ниво на членство е особено погодно за малите локални (грас-рут) организации и за ГО што ќе имаат корист од размената на информации и искуства.

Без оглед на нивото, сите членки имаат исти права и можности за учество во телата и активностите на мрежата. Овозможено е менување на нивото на членство по потреба и барање на членките. За пристапување кон членство организацијата треба да задоволува критериумите за подобност наведени во пристапницата.

Заинтересираните граѓански организации се повикуваат да пратат пополнета пристапница (превземете тука) и документи за поткрепа (ако е применливо) до здружение Конект во електронска форма на konekt@konekt.org.mk и во хартиена верзија во канцелариите на ул. „Ристо Шишков“ 12-1/4, 1000 Скопје. За повеќе информации јавете се на 02/ 3224 198.

Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации.

Кои се досегашните постигнувања и активности?

Список на досегашни членки (123)

Број Назив на организација
1 Здружение за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје 
2 Младинска Асоцијација ИМКА Битола
3 Здружение Центар за истражување и информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ Скопје 
4 Здружение Глобал Битола
5 Здружение за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ 
6 Здружение за развој и иновации на библиотеки Инова Либ 
7 Младински културен центар – Битола 
8 Центар за општествени истражувања и развој – ПРИЗМА
9 Рурална Коалиција – Куманово 
10 СОС Детско село Македонија 
11 Транспарентност Македонија 
12 Центар за граѓанска иницијатива
13 Центар за истражување и креирање политики 
14 Здружение за развој – Центар за управување со промени 
15 Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес
16 Центар за оджрлив развој ЕЛИПСА 
17 Институт за човекови права
18 Новинари за човекови права 
19 Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола 
20 „АГОРА“ Центар за промовирање на граѓански вредности 
21 Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје
22 Центар за даночна политика Скопје
23 Центар за економски анализи – Скопје
24 Здружение на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија
25 Коалиција за одржлив развој
26 Фондација Аполонија
27 Фондација за развој на локална заедница Штип
28 Фондација отворено опшество Македонија
29 Македонски центар за меѓународна соработка
30 Македонско здружение на млади правници 
31 Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија Скопје
32 Здружение на граѓани ЗИП ИНСТИТУТ за политики и добро владение Скопје
33 Ромска Асоцијација за Жени и Млади -ЛУЛУДИ
34 Отворете ги прозорците 
35 Јустиција
36 Романистан
37 ЛАГ Преспа
38 Евротинк 
39 Регионален центар за одржлив  развој –РЦОР Кратово
40 Асоцијација на економски истражувачи 
41 Здружение – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО
42 Актив за независна иницијатива – АНИ – Штип
43 Еколошко друштво РОСА 
44 Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник 
45 Здружение “ИЗВОР“ Кратово 
46 Здружение Институт за Проектен Менаџмент и Развој ИПМР-Скопје
47 Здружение институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово
48 Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
49 Г.О. Зелената арка
50 Здружение на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници”Гласен Текстилец”
51 Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија Женска акција Радовиш
52 Здружение „Надеж – Норе“
53 Здружение на граѓани ЕКОВИТА 
54 Здружение за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушување СИНА СВЕТУЛКА 
55 Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово
56 Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ Велес
57 Организација на жените на општина Свети Николе 
58 Профицио 
59 Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес 
60 Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ
61 Институт за социолошки и одржлив развој
62 Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија
63 Лулка-Здржение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Скопје
64 Организација на жените на Општина Велес 
65 Асоцијација за едукација МЛАДИ ИНФО ИНТЕРНАЦИОНАЛ Скопје 
66 Здружение за меѓугенерациска солидарност ДОБЛЕСТ
67 Граѓанска Организација за унапредување на права на еднородителски семејства Една може!
68 Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола
69 Mакедонски центар на Интернационален Театарски Институт/ПРОДУКЦИЈА
70 Здружение за одржлив развој СФЕРА Македонија 
71 Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија
72 Finance Think
73 Храна за сите-Банка за храна Македонија 
74 Институт за демократија „Социетас Цивилис„- Скопје
75 Здружение СВЕТ ЗА СИТЕ Скопје
76 Здружение на социјални работници на Македонија
77 ГЛАМ Македонија Скопје
78 Центар за едукација и развој
79 Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола 
80 АСОЦИЈАЦИЈА МИСЛА – Скопје
81 Зето-Стар Скопје 
82 Здружение на производители на органска храна „Биовита“
83 Здружение против дискриминација ЖЕНСКА СOЛИДАРНОСТ Ресен
84 Хендмејд арт
85 Фолклорна низа 
86 Здружение за социјализација и неформално учење Среќни приказни
87 Африел-позитива
88 Авaв хепи дог
89 Мултикултура
90 Арно
91 Бравура кооператива
92 Зрак
93 Аксиос
94 Нел
95 ПХ Момент плус
96 Арт Еквилибриум
97 Здружение на граѓани „Дон Кихот 95“ Гевгелија
98 Ансамбал за традиционалана музика и игри БОЈМИЈА Гевгелија
99 Инова лаб
100 Гоу Грин
101 Прв скопски извиднички одред
102 Македонска асоцијација за применета психологија СИМБОЛИКУМ Скопје
103 Здружение за културна соработка Интеркултура
104 Еко Партнерс
105 Хуманитарно и добротоворно здружение на Ромската Интелигенција
106 Отворен свет
107 Реалност
108 Подготвеност за Европа 2020
109 Здружение за граѓанска иницијатива во културата ЖАР ПРЕСПА – Ресен
110 Здружение за еднакви можности МРЕЖА СТЕЛА 
111 Здружение на граѓани за социјално економски развој ИН ВИВО – Скопје
112 Здружение на дијабетичари ЗД МОСТ – Скопје
113 Фондација Ице Бегов – Скопје
114 Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико
115 Доброволно противпожарно друштво Свети Николе
116 Здружение на граѓани ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ Гевгелија
117 Здружение НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Гевгелија
118 Регионален центар за одржлив  развој Гевгелија
119 Здружение на граѓани ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС Гевгелија
120 Здружение за медиумска писменост Планет-М Скопје
121 Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе
122 Здружение за социјална поддршка и хумани вредности „Прегратка за сите“ Гевгелија
123 Сојуз – Национален совет за родова рамноправност