fbpx
odgovorni-biznisi1

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Целиме повисоко

Програмата „Целиме повисоко“ се стреми да им помогне на млади лица од ромска националност, да се интерираат во општеството, да продолжат со образованието или да се вработат, преку менторска поддршка еден на еден.

Младите Роми сè уште се сметаат за маргинализирана група која се соочува со дополнителни предизвици при барањето работа и како резултато на тоа се соочуваат со ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Најголем дел, заради разни околности, не го завршува образовниот процес, се соочува со стереотипи и предрасуди, па вклучувањето во регулираниот пазар на трудот им е речиси невозможно. Дополнително, во своите заедници ретко наидуваат на поддршка што ќе ги поттикне на желба за развој и успех. Од друга страна, тие остануваат неискористен ресурс за работодавачите.

Целиме повисоко се стреми на лицата од ромската заедница на возраст од 15 до 18 години да им обезбеди непристрасен советник и инспиративен пример, кој ќе ги разбере нивните предизвици, ќе ги сослуша и ќе ги бодри преку:

  • Помош за осознавање на вредностите што му се важни како личност;
  • Споделување на личното искуство и предизвици;
  • Фокус на градење доверба и комуникациски вештини;
  • Идентификување на амбициите и на промената што треба да се направи за да се постигне успех;
  • Насочување при изборот на кариера;
  • Следење на напредокот за постигнување на овие цели.

Целта на програмата е интегрирање на младите лица од ромската заедница во општеството и намалување на невработеноста на младите од ромската заедница. Во рамки на програмата ќе се обезбеди менторска поддршка за средношколци од ромската заедница која ќе опфаќа кариерно советување за полесно вклучување во работен однос или продолжување на своето образование.

Програмата за менторирање сe спроведува со докажана методологија за менторирање којашто се применува во Северна Ирска, а ја спроведува Business in the community, Northen Ireland. Оваа методологија има покажано позитивни резултати и има променето многу млади животи, во Северна Ирска во периодот од 3 години 57 млади лица ја поминале програмата, од коишто 72% од младите лица се вработиле или го продролжиле своето образование.

Придобивки за менторите:

  • Обука за менторирање;
  • Позитивно влијание на животот на младо лице;
  • Обука за менторирање;
  • Развој на нови вештини и вештини за менторирање.

Повеќе информации можете да најдете тука.