fbpx

Граѓанските организации од сега можат лесно да ги пронајдат сите важни информации за рокови, актуелни иницијативи, тековни обуки, информативни настани и начини за вклучување. На иницијатива на и во соработка со Европскиот центар за непрофитно право (ECNL), креиравме единствена информативна точка која овозможува брз и лесен пристап до полезни информации за граѓанскиот сектор.

  • Упис во регистарот на вистински сопственици – Како да го идентификувате вистинскиот сопственик? Зошто е важен регистарот на вистински сопственици?
  • Активно се вклучивме во процесите за Проценката на ризици од финансирање тероризам во непрофитниот сектор, која се усвои, а Управата за финансиско разузнавање ја објави јавно.
  • Проценката е спроведена следејќи приод за заштита на правото на здружување и легитимната работа на граѓанските организации. Низ низа информативни настани, претставници на ГО од сите плански региони ги збогатија своите познавања за ризикот од финансирање на тероризам за секторот на НПО и дознаа за начините да се вклучат и да ја заштитат нивната организација.
  • Креиравме кратки едукативни летоци достапни на македонскиалбански и англиски јазик кои дисеминирани широко во секторот на НПО ќе ја зголемат свеста на ГО за потенцијалната изложеност на ризици од финансирање тероризам.
  • Саморегулацијата е ефикасен начин за НПО да утврдат високи стандарди на „мека“ регулатива и да се стремат кон најдобри практики. Прочитајте за Ознаката за доверба која е механизам за саморегулација чијашто цел е да го олесни пристапот на граѓаните и компаниите до сигурни организации. 
  • Ажурирани и дополнети Прашалникот за самооценка и Водичот за пријавување – За целите на СПП/СФТ, „Ознаката за доверба“ беше надградена со критериуми во согласност со стандардите на ФАТФ.
  • Изработен Прирачникот за непрофитни организации кој ќе им помогне да вклучат мерки за превенција и заштита од злоупотреби за цели на тероризам. Прирачникот е достапен на македонски, албански и англиски јазик.
  • Во тек е ревизија на STR индикаторите за секторот на НПО.

Редовно ќе објавуваме и информираме за следни можности и активности. Доколку имате интерес за подиректно вклучување или потреба да се консултирате, Конект ви стои на располагање.