fbpx
Logo Donatorski Kruzok 001

Повик за граѓански организации за претставување на донаторски кружок за 2024 година

Конект посветено работи на унапредување на филантропијата, а тоа најдобро можеме да го постигнеме здружено. Донаторскиот кружок, ги здружува граѓаните што сакаат да донираат со граѓански организации што нудат решенија за предизвиците во нашите заедници. Многу проблеми што барале големи средства и координација се решени токму со помали донации од повеќе донатори.  

Донаторскиот кружок е заедница на донатори и им овозможува на граѓаните да донираат плански и обмислено во граѓански организации од доверба што посветено работат на создавање позитивни промени.                 

Во пресрет на петтиот Донаторски кружок, Конект и иницијативниот одбор на донаторскиот кружок ќе одберат три доверливи организации. За таа цел објавуваме  

П О В И К   З А   Г Р А Ѓ А Н С К И   О Р Г А Н И З А Ц И И 

што ќе се претстават на Донаторскиот кружок 

Право на учество според критериумите на подобност имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации кои: 

  • се формирани согласно Законот за здруженија и фондации, регистрирани најмалку една година пред објавата на овој повик; 
  • се транспарентни, односно имаат јавно достапни годишни програмски и финансиски извештаи како и управувачка структура и контакти; 
  • се посветени на својата мисија, односно нивните активности соодветствуваат на нивната мисија и континуирано и отчетно работат на остварување на своите цели и за своите целни групи и 
  • со нивната работа и комуникација не промовираат екстремизам и не поддржуваат политички партии. 

Ќе се одберат иницијативи соодветни за поддршка од индивидуални донатори, а при селекцијата ќе се даде предност на граѓански организации со скромни финансиски и човечки ресурси. Ги покануваме заинтересираните организации да ја пополнат апликацијата за учество.  

Напомена: Вообичаено на Донаторскиот кружок се собираат по 100.000 денари за три граѓански организации (по 100.000 за секоја од трите). 

Организациите што ќе бидат избрани за учество на донаторскиот кружок се согласуваат со следните услови: 

  • да подготват 5-минутна презентација според насоките на Конект; 
  • да обезбедат најмалку еден донатор (физичко лице) којшто ќе учествува на настанот и ќе биде подготвен/а да го донира најмалку почетниот износ (500 МКД) за нивната организација; 
  • да потпишат договор за донација со Конект. Притоа, за покривање на дел од трошоците за организација на настанот и администрирање на донациите, Конект задржува 7% од собраните средства; 
  • да обезбедат редовна, повратна информација за наменско користење на донираните средства и кус извештај за постигнувањата; 
  • имате обврска во рок од 1 година да ги спроведете активностите за кои барате поддршка од кружокот;    

Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 26.03.2024 година. Сите забелешки и евентуални прашања во врска со постапката за аплицирање на повикот можете да ги упатите до Конект на konekt@konekt.org.mk најдоцна до 19.03.2024 година. 

Донаторскиот кружок е лиценциран модел на The Funding Network. Здружението Конект е партнер на The Funding Network во Република Северна Македонија и го има правото на спроведување и промовирање на методологијата во нашата земја.  

Повеќе информации околу настанот може да погледнете тука. Доколку имате дополнителни прашања можете да ги поставите на нашата е-маил адреса. 

Донаторскиот кружок е дел од активностите на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект.  

Ги очекуваме вашите апликации.