ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Конектирај се!

Истражувањата на Конект покажуваат дека во 2014та година само 38,2% од ГО побарале донација од компанија, а само 10,8% од фирмите добиле барање за донација од ГО. За да го намалиме овој јаз, го креиравме сервисот кој ќе ја олесни соработката меѓу двата сектори за поуспешно решавање на проблемите во општеството.

„Конектирај се“ претставува сервис за поврзување на граѓанските организации со компании.
Преку „Конектирај се“ вие како граѓанска организација може да добиете поддршка за својата работа од страна на претпријатијата. Поддршката може да биде во различна форма, во зависност од вашите потреби и достапните ресурси на претпријатијата. Примарната цел на поврзувањето е да се искористат знаењата и експертизата на компаниите и да се помогнат стратешки партнерства кои носат корист како за компаниите така и за ГО. Нашиот тим ќе посредува во воспоставувањето на продуктивна соработка.

Зошто е корисно да пристапите во сервисот?

  • За да ја унапредите професионалноста во работењето;
  • За да се сретнете со нов начин на размислување и свежи идеи;
  • Можност за добивање про-боно услуги;
  • Проширен круг на поддржувачи;
  • Зајакнати комуникациски вештини.

Какви услуги може да добиете ако пристапите во сервисот?

  • Професионална помош во областа на: правото, финансиите, IT поддршка, маркетинг итн;
  • Бизнис советување: стратешко планирање, развој на проекти и управување со човечки ресурси;
  • Менторирање;
  • Соработка на проекти;
  • Соработка поврзана со бизнис активностите на компанијата.

Како да пристапите во сервисот?

Симнете го формуларот за пријавување, пополнете го и пратете го на konekt@konekt.org.mk.

Тимот на Конект ќе работи кон изнаоѓање на соодветен партнер-компанија, којшто ќе соодветствува со потребите на ГО. Имајте предвид дека поврзувањето подеднакво зависи и од интересот на компаниите па затоа не сме во можност да гарантираме обезбедување на партнер за секоја пријавена организација.