fbpx

„Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права” е проект во којшто работиме со компаниите, институции и носителите на одлуки, социјалните партнери, граѓанските организации и граѓаните за заеднички да се вклучиме во имплементацијата на Водечките принципи на ОН за бизнисот и човековите права.

Целта е да се зајакне почитувањето на економските и социјалните права во приватниот сектор, односно поконкретно да се поттикне активно учество на релевантните чинители во политичкиот дијалог, да се подигне свесноста во однос на Водечките принципи на ОН за бизнис и човекови права (ВПОН) и да се придонесе кон подобрено разбирање, капацитети и знаење во врска со насоките за бизнис и човекови права кај бизнис заедницата.

Со проектот се планирани следните активности:

  • Прибирање податоци за состојбата и идентификување можности за интеграција на човековите права во приватниот сектор
  • Воспоставување дијалог помеѓу чинителите со цел да се зајакне имплементацијата на Водечките принципи на ОН
  • Препораки за интеграција на Водечките принципи на ОН во националните политики врз основа на најдобрите практики на ЕУ
  • Подигнување на свеста меѓу засегнатите страни за Водечките принципи на ОН
  • Јакнење на капацитетот на 80 претставници од приватни бизниси за унапредување на бизнисот и човековите права во пракса
  • Креирање и имплементирање алатки за поддршка на компаниите во интегрирањето на Водечките принципи на ОН

Преземи дополнителни информации за проектот:  македонски / албански / англиски