
Конект
КОНЕКТ
Граѓанското општество посилно со бизнисот и граѓаните
Датум: 21/11/2015 – 21/03/2017
Донатор: ЕУ
Партнери: Business in the Community, Северна Ирска – партнер
Општа цел на проектот: Придонес за креирање поволна средина и култура на филантропија за зголемено и разнолична стратешка поддршка на ГО
Целни групи: 150 ГО низ РМ; 50 компании што поддржуваат ГО; општа јавност (6.000 граѓани).
Активности во следните компоненти:
- Систем за внатрешна регулација на ГО што ќе го подобри прибирањето на ресурси (Ознака на доверба, интернет платформа и промоција, сервис за поврзување на ГО со бизниси, градење капацитет на ГО);
- Активности за поврзување на бизнис секторот со ГО (Формирање бизнис клуб, едукација на компаниите, поставување на 3 програми);
- Поттикнување на граѓаните да донираат во ГО (јавна кампања, редовно издавање на подлисток за филантропија во магазин).
Очекувани резултати:
- Поставен систем што промовира и поттикнува донирање во 30 доверливи ГО;
- Поставена инфраструктура за поддршка на ГО за локално мобилизирање на ресурси;
- Подигнување на капацитетот на 50 ГО за соработка со бизниси;
- Отпочнување со 3 иновативни програми за ГО-бизнис соработка;
- Подигање на свест за придобивките од донирање во ГО.