fbpx
ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ИНДИВИДУАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА

Како да донираш?

Донирањето е често резултат на лична и најчесто емотивна одлука. Да се вложат сопствени пари, енергија, време и труд во нешто што верувате дека ќе им донесе придобивки на други луѓе и на заедницата е вистинска и храбра одлука. Затоа треба да биде и добро обмислена.

ПРВ ЧЕКОР: ПЛАНИРАЊЕ НА ДОНАЦИЈАТА

Што можам да донирам? Донациите можат да бидат во форма на парични средства, но и во материјали добра, интелектуални и друг вид услуги што можете да ги ставите на располагање на оние на кои им се неопходни.

Каде и кому му се потребни моите донации? Направете свое истражување со кое ќе ја идентификувате областа во која сакате да донирате. Такви области се: здравството, социјалната заштита, културата, образованието и науката, спортот, заштитата на животната средина и сл. Откако ќе одлучите во која област да донирате, пронајдете го субјектот кој ќе биде потенцијален корисник (примател) на вашата донација.

СОВЕТ: Масовните медиуми и интернетот се непресушни извори на информации за вашето истражување. Обратете се во „Конект“ за насоки и совети кои ќе Ви помогнат да добиете повеќе информации и правилно да донесете одлука.

ВТОР ЧЕКОР: РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОНАЦИЈАТА

Постојат повеќе начини да се донира:

  • Преку СМС или телефонски повик;
  • Во касички за донации;
  • На трансакциска или жиро сметка;
  • Материјални добра на оние на коишто им се потребни;
  • Купување билети за хуманитарни настани ;
  • Преку веб платформа за онлајн донирање.

Конект ви нуди можност преку оваа веб платформа брзо и лесно да ја остварите својата донација во некоја од доверливите граѓанските организации за коишто повеќе може да прочитате тука (Ознака за доверба). Таму можете да најдете организации коишто поминале низ системски проверки и се означени како доверливи организации. Донирањето ќе го извршите само со неколку клика, брзо и едноставно.

ТРЕТ ЧЕКОР: ПРОВЕРКА НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ДОНИРАЊЕТО

Одговорниот донатор се грижи како се користи неговата донација и дали се постигнати очекуваните ефекти. Со тоа што ќе се интересирате како е употребена вашата донација покажувате дека навистина водите грижа за доброто на другите и за заедницата, што всушност е одлика на вистински филантроп.
Доколку вашето донирање сте извршиле онлајн преку нашата веб платформа, на истото место можете да го следите и напредокот на собраните средства и извештаи од реализираните активности.