
Филантропија
ФИЛАНТРОПИЈА / ИНДИВИДУАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА
Кој ја доделува ознаката за доверба?
Ознаката за доверба ја доделува одбор којшто е составен од 6 независни члена – експерти од областа граѓанскиот сектор, бизнисите и ревизорските куќи. Одборот е составен од следниве членови:
- Никица Кусиникова – извршна директорка на Конект;
- Емина Нурединовска – раководител на Одделението за граѓанско општество и демократизација во МЦМС;
- Магдалена Славејкова – менаџер за човечки ресурси во цементарница УСЈЕ;
- Николаки Миов – овластен ревизор и менаџер за сектор на ревизија и ИТ во Ефект плус;
- Анѓелка Пеева Лауренчиќ – директор на Имиџ ПР;
- Борче Смилевски – раководител за даноци во Дилоит ДОО.
Одборот на ознаката за доверба детално го разгледува работењето на граѓанските оргазаниции коишто аплицирале за добивање на ознаката за доверба и одлучува дали пријавените организации ќе ја добијат ознаката. Организациите коишто не ги задоволуваат критериумите за добивање на ознаката за доверба ќе добијат насоки како да го подобрат работењето на организација за да може во иднина да аплицираат повторно и да ја добијат ознаката.