fbpx
ozad-white

Филантропија

ФИЛАНТРОПИЈА / ИНДИВИДУАЛНА ФИЛАНТРОПИЈА

Донирај време - волонтирај!

Доколку не си во состојба да донираш финансиски или материјални средства, друг начин на донирање е волонтирањето. Да волоннитраш значи да го донираш своето време за соодветна кауза.

Во најширока смисла на зборот волонтирање, значи доброволно да придонесеш за заедницата (и општеството воопшто) без за тоа да бидеш платен. На пример, како волонтер можеш да помогнеш во организирањето на некој добротворен настан, да бидеш ангажиран во организација која им помага на животните, активно да партиципираш во акцијата за прибирање облека за бездомници, да помогнеш во реализирање на активностите во општината, граѓанските организации и други непрофитни институции итн. Дополнително, сѐ ова треба да го правиш доброволно, на своја лична волја, без за тоа да очекуваш каков било надоместок.

Согласно законот, терминот “волонтер“ означува лице кое ги дава своите лични услуги, знаење и вештини, во корист на други лица, организации или институции, доброволно и без надоместок.

СОВЕТУВАМЕ: Подгледни ги граѓанските организации коишто се презентирани на оваа веб платформа и контактирај ги доколку сакаш да се вклучиш волонтерски во некои од нивните актвивности.