odgovorni-biznisi

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

Што е општествена одговорност

Општествената одговорност на претпријатијата претставува одговорност на претпријатието за влијанието на неговите одлуки и активности врз општеството и животната средина. Тоа се постигнува преку транспарентно и етичко однесување кое придонесува кон одржливиот развој и ги зема предвид очекувањата на засегнатите страни, во согласност е со меѓународните норми и е интегрирано низ целото претпријатие.

ООП е начин на водење бизнис. Директно е поврзано со одржливиот развој барајќи компанијата да погледне во своите финансиски, социјални и еколошки перформанси. ООП треба да биде стратешки интегрирано целосно во бизнис процесот на компанијата, синџирот на снабдување, производите, како и во односите со клиентите. ООП е во совршена согласност со потрагата на компанијата за олеснет пристап на пазарот, зголемена продуктивност или намалување на оперативните трошоци. Општествената одговорност не претставува само донирање, иако тоа е од витално значење за доброто на секоја заедница, но сепак тоа не е компензација за потенцијалните ефекти на деловното работење на компанијата, како што се: загадувањето; зголеменото искористување на природните ресурси; условите за работа на вработените и благосостојба на нивните семејства; корупцијата и др.

Иако општествената одговорност пред се преставува начин како одговорно да делува претпријатието во заедницата, сепак од ваквиот начин на раковдење со бизнисот произлегуваат многу придобивки:

  • Штедење: ОО практиките водат директно кон намалување на оперативните трошоци (помалку отпад; инпути на енергија и материјали; ефикасно користење на ресурсите; намалување на трошоци за амортизација итн.);
  • Подобрен пристап до глобалниот пазар и ланци на снабдување: Меѓународно, ООП е конкурентска предност. Врвните компании сè повеќе бараат нивните добавувачи да бидат во согласност со социјалните и еколошките стандарди;
  • Пристап до финансии: Кај некои финансиски институции услов за пристап до кредити е водење на социјално и еколошко одговорен бизнис, а движењето за општествено одговорни инвестиции постојано расте;
  • Управување со ризици: Интегрирањето на ООП овозможува предвидување на ризиците и брза реакција во однос на можните штетни последици;
  • Зголемена продажба: ООП активностите се поврзани со вредности, а вредностите го определуваат изборот на клиентите. ООП може да обезбеди нови и лојални клиенти кои ќе се идентификуваат со Вашите активности. Одговорното однесување на потрошувачите рапидно расте. На околу 25% од потрошувачите во земјите на ЕУ социјалниот имиџ на компанијата им е важен кога одлучуваат што да купат;
  • Развој на бренд: добрата репутација придонесува за развој на брендот. 2/3 од Европејците сметаат дека одговорноста за вклучување на приватниот сектор во општествените прашања расте. Околу 90% од Македонците веруваат дека компаниите треба да имаат поактивна улога во решавањето на проблемите во заедницата. Репутацијата на одговорен работодавец може да помогне во привлекувањето на поквалификувани и продуктивни вработени;
  • Ефикасност и подобрена лојалност на персоналот: Задоволна и здрава работна сила е директно поврзана со зголемена продуктивност, помалку несреќи, подобар квалитет, помалку менување на персоналот и повисоко ниво на лојалност;
  • Иновации: ООП во бизнисот ја зголемува иновативноста и често бара размислување „надвор од границите“. Многу еколошки и социјални иновации произлегуваат од ОО практики.