fbpx

Здружи се за заедницата

 

Проектот на УСАИД „Здружи се за заедницата“, е имплементиран од Здружението Конект, во партнерство со Фондација Аполонија, Индиго и ЕВН. Сеопфатната цел е да се дизајнираат, развијат и спроведат одржливи системи коишто ги зајакнуваат локалните капацитети на заедниците. Овие системи ќе им овозможат на заедниците да планираат, финансираат и реализираат решенија за своите предизвици и приоритети. Исто така проектот овозможува создавање и реализирање на одредени иницијативи за поддршка на локалните заедници, ќе се воспостават локални партнерства со цел да се искористат локалните ресурси. Овие иницијативи опфаќаат локална активација преку локални акциски јадра и платформата за граѓанско учество „Комунити“, која транспарентно ќе го стимулира локалниот дискурс поврзан со локално идентификуваните приоритети на заедницата.  

Локалните иницијативи водени од граѓаните ќе се фокусираат на своите приоритети преку партиципативно одобрување и ќе осигураат практична примена на техники и алатки за градење на капацитетите. Целта е да се зајакне и олесни собирањето средства за овие иницијативи од локални донатори, на инклузивен, ефективен и одржлив начин.   

Истражувањата покажуваат дека само 7,6 проценти и од граѓаните се ангажирале во активности за решавање одреден проблем во општеството или во заедницата, што можеби укажува на остатоци од социјализмот или е резултат на долготрајната транзиција кон демократија и пазарна економија. Други фактори коишто придонесуваат кон тоа се корупцијата, перцепцијата за отсуство на владеење на правото и недостатокот на партиципативни механизми. Колективно, сите овие фактори резултираат со општа апатија и очекување од владата да игра (неуспешно) улога на „попуслив родител“.    

Проектот на УСАИД започна со работа во септември 2022 година и ќе се спроведува 5 години, односно до 2027 година. Во текот на овие 5 години, имплементацијата ќе се одвива преку различни принципи.

Инфраструктурата на проектот ќе ги зајакне граѓаните за тие да можат да ги идентификуваат предизвиците на заедницата и во партнерство да креираат решенија, при тоа осигурувајќи ангажираност на локалните власти и на други групи на засегнати страни (граѓански организации и компании) на транспарентен начин за да се мобилизираат, соберат и дистрибуираат ресурси.  

Преку организирано и поттикнато учество ќе бидат организирани тренинзи за тренери, ќе бидат оформени локални акциски јадра кои ќе дејствуваат како место за средба на граѓаните и ќе ги поддржиме локалните координатори и ќе оформиме локални раководни одбори.   

Граѓаните ќе бидат вклучени на различни начини користејќи на алатки дизајнирани да ги активираат сите засегнати страни преку: Комунити, локалните акциски јадра, кампањи и иницијативи, волонтерство, локални награди за филантропија и локално успешни приказни.    

Надежта е дека ова ќе доведе до создавање локално лидерство и локална сопственост врз основа на парадигмата „прави добро, чувствувај се добро“. Почетно пилотирање и тестирање на инфраструктурата ќе биде извршено во Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, како и во Чаир и Шуто Оризари.     

Здружението Конект ќе ја зајакне заедницата преку оформување на локални акциски јадра кои ќе обезбедат учество, едукација, идентификување и поддршка на локалните иницијативи.  Локални координатори и локални лидерски одбори ќе ги подготват засегнатите страни со цел да креираат активни и самостојни заедници. Заедно со граѓаните, институциите, граѓанските формални и неформални организации/групи, како и со компаниите од сите големини ќе ја постигнеме целта на проектот. Нашите локални акциски јадра ќе ја поддржуваат и зајакнуваат меѓуресорската соработка вршејќи функција на собирни точки за граѓанско учество и на центри за креирање партнерства.
 

Кој ќе оствари придобивка?  

  • Граѓанските организации и групите на заедницата коишто учествуваат во развојни  активности и каузи, oсобено оние коишто вклучуваат млади луѓе, жени и пензионери од заедницата. 
  • Ангажирани локални жители, без оглед на тоа дали се постојани жители или се дел од дијаспората, коишто сакаат да го поддржат развојот на својата заедница. 
  • Компании од сите големини коишто сакаат да бидат сила што ќе носи позитивни промени во заедниците во кои тие дејствуваат и работат. 
  • Институции, вклучително локални самоуправи и локално поставени национални институции. 
  • Нaшиот фокус ќе биде насочен кон младите и жените, при тоа стремејќи се да оствариме меѓуресорски и меѓугенерациски синергии.  

  

Резултатите од проектот „Здружи се за заедницата“ ќе бидат постигнати преку три компоненти.    

Компонента 1: Локалните актери соработуваат заедно за да го водат локалниот развој 

Оваа компонента ќе ги активира граѓаните, поттикнувајќи и поддржувајќи ги да ги артикулираат своите предизвици и да изнајдат локално предводени решенија.   

Компонента 2: Локалните актери мобилизираат ресурси за развојните приоритети кои ќе ја подобрат заедницата 

Оваа компонента ќе овозможи обединување на граѓаните и на разновидните локални засегнати страни со здружување на ресурсите за целите на реализација на тие решенија.  

Компонента 3: Развивање на успешен модел на мобилизирање на ресурси кој ќе биде одржлив и реплициран врз други заедници 

Оваа компонента ќе обезбеди споделување на стекнатото знаење и јакнење на заедниците на територијата на државата, со користење на локалните ресурси за да се постигне локално влијание.  

Преземи повеќе информации за преоктот на македонскианглискиалбански и ромски.