
Филантропија
ФИЛАНТРОПИЈА / ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Мрежа за финансиска одржливост на ГО
АКТУЕЛНО
- Пријавете се на средбата за дијалог на 27.10.2022 <<тука>>
- Важни информации од последните консултации на мрежата <<тука>>
- Прочитајте за важни рокови за ГО до крајот на април <<тука>>
- Извршете упис во регистарот на вистински сопственици. Повеќе информации <<тука>>
- Како пандемијата влијае врз финансиската одржливост на ГО. Прочитајте што 135 граѓански организации одговорија на нашите прашања <<тука>>
Прочитајте подолу:
- Како да се зачлените во мрежата?
- Кои се досегашните активности и постигнувања?
- Кои се членки на мрежата?
Се повикуваат сите заинтересирани граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации да учествуваат во работата на мрежата.
Мрежата за финансиска одржливост на ГО е неформална коалиција за застапување за промени во регулативата што се однесува на даночниот третман и финансиското работење на ГО. Основана е од Конект во партнерство со Фондација Аполонија. Со целосна поддршка на проектот мрежата застапува за поволни промени во следните области:
- Даночниот третман на ГО;
- Даночните олеснувања за донации и спонзорства за ГО и поврзување со статусот на организации од јавен интерес;
- Сметководствениот систем за непрофитни организации;
- Статусот на ГО како работодавачи и поддршка за вработување во граѓанскиот сектор преку активни мерки за вработување;
- Социјално претприемништво и модели на финансиска одржливост.
Мрежата е отворена за широко учество на ГО со различни мисии и нивоа на развој. Членството на мрежата е организирано во две нивоа и тоа:
- Ниво за застапување– соодветно за организации со капацитет и искуство во застапување, анализа на јавни политики и/ли со специфична експертиза од областите на интерес на мрежата. Ќе се очекува организациите од ова ниво директно да се вклучат во обмислувањето и реализацијата на активностите за застапување;
- Ниво за поддршка– соодветно за организации што од различни причини не се во можност директно да се вклучат во активностите, но ја поддржуваат мрежата и се вклучуваат во активностите. Ова ниво на членство е особено погодно за малите локални (грас-рут) организации и за ГО што ќе имаат корист од размената на информации и искуства.
Без оглед на нивото, сите членки имаат исти права и можности за учество во телата и активностите на мрежата. Овозможено е менување на нивото на членство по потреба и барање на членките. За покана за пристапување кон членство организацијата треба да задоволува сите критериуми за подобност и еден или повеќе од специфичните критериуми за соодветното ниво наведени во формуларот за пријавување интерес.
Заинтересираните граѓански организации се повикуваат да пратат целосно пополнет формулар (превземете тука) и документи за поткрепа (ако е применливо) до здружение Конект во електронска форма на konekt@konekt.org.mk и во хартиена верзија во канцелариите на ул. „Владимир Полежиновски“ 19-1/6, 1000 Скопје. За повеќе информации јавете се на 02/ 3224 198.
По процесот на проверка на формуларите организациите ќе бидат информирани и ако е соодветно ќе им биде доставена официјална пристапница кон мрежата. Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации.
Кои се досегашните постигнувања и активности?
Список на досегашни членки (120)
Број | Назив на организација |
1 | Здружение за волонтеризам Волонтерски Центар Скопје |
2 | Младинска Асоцијација ИМКА Битола |
3 | Здружение Центар за истражување и информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ Скопје |
4 | Здружение Глобал Битола |
5 | Здружение за РУРАЛЕН РАЗВОЈ НА СЕЛО ТУДЕНЦЕ |
6 | Здружение за развој и иновации на библиотеки Инова Либ |
7 | Младински културен центар – Битола |
8 | Центар за општествени истражувања и развој – ПРИЗМА |
9 | Рурална Коалиција – Куманово |
10 | СОС Детско село Македонија |
11 | Транспарентност Македонија |
12 | Центар за граѓанска иницијатива |
13 | Центар за истражување и креирање политики |
14 | Здружение за развој – Центар за управување со промени |
15 | Фондација за локален развој и демократија „Фокус“ Велес |
16 | Центар за оджрлив развој ЕЛИПСА |
17 | Институт за човекови права |
18 | Новинари за човекови права |
19 | Здружение за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола |
20 | „АГОРА“ Центар за промовирање на граѓански вредности |
21 | Здружение ХОПС-Опции за здрав живот Скопје |
22 | Центар за даночна политика Скопје |
23 | Центар за економски анализи – Скопје |
24 | Здружение на финансиски работници на локална самоуправа и јавни претпријатија |
25 | Коалиција за одржлив развој |
26 | Фондација Аполонија |
27 | Фондација за развој на локална заедница Штип |
28 | Фондација отворено опшество Македонија |
29 | Македонски центар за меѓународна соработка |
30 | Македонско здружение на млади правници |
31 | Здружение Прва детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија Скопје |
32 | Здружение на граѓани ЗИП ИНСТИТУТ за политики и добро владение Скопје |
33 | Ромска Асоцијација за Жени и Млади -ЛУЛУДИ |
34 | Отворете ги прозорците |
35 | Јустиција |
36 | Романистан |
37 | ЛАГ Преспа |
38 | Евротинк |
39 | Регионален центар за одржлив развој –РЦОР Кратово |
40 | Асоцијација на економски истражувачи |
41 | Здружение – Меѓународен центар за уметност и одржлив развој АРТ ПОИНТ – ГУМНО |
42 | Актив за независна иницијатива – АНИ – Штип |
43 | Еколошко друштво РОСА |
44 | Здружение за унапредување и заштита на правата на работниците Достоинствен Работник |
45 | Здружение „ИЗВОР“ Кратово |
46 | Здружение Институт за Проектен Менаџмент и Развој ИПМР-Скопје |
47 | Здружение институт за развој на заедницата (ИРЗ) – Тетово |
48 | Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје |
49 | Г.О. Зелената арка |
50 | Здружение на граѓани на текстилните, кожарските и чевларските работници”Гласен Текстилец” |
51 | Асоцијација за унапредување на статусот на жената во Македонија Женска акција Радовиш |
52 | Здружение „Надеж – Норе“ |
53 | Здружение на граѓани ЕКОВИТА |
54 | Здружение за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутистичен спектар на нарушување СИНА СВЕТУЛКА |
55 | Здружение на Срби и Македонци КУД „Бранко Чајка“ Тетово |
56 | Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет на општините Велес, Градско и Чашка – МОБИЛНОСТ Велес |
57 | Организација на жените на општина Свети Николе |
58 | Профицио |
59 | Здружение за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес |
60 | Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ |
61 | Институт за социолошки и одржлив развој |
62 | Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“- Македонија |
63 | Лулка-Здржение за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Скопје |
64 | Организација на жените на Општина Велес |
65 | Асоцијација за едукација МЛАДИ ИНФО ИНТЕРНАЦИОНАЛ Скопје |
66 | Здружение за меѓугенерациска солидарност ДОБЛЕСТ |
67 | Граѓанска Организација за унапредување на права на еднородителски семејства Една може! |
68 | Здружение на граѓани за ретки болести ЖИВОТ СО ПРЕДИЗВИЦИ Битола |
69 | Mакедонски центар на Интернационален Театарски Институт/ПРОДУКЦИЈА |
70 | Здружение за одржлив развој СФЕРА Македонија |
71 | Фондација за локален развој и развој на информатички технологии – Гевгелија |
72 | Finance Think |
73 | Храна за сите-Банка за храна Македонија |
74 | Институт за демократија „Социетас Цивилис„- Скопје |
75 | Здружение СВЕТ ЗА СИТЕ Скопје |
76 | Здружение на социјални работници на Македонија |
77 | ГЛАМ Македонија Скопје |
78 | Центар за едукација и развој |
79 | Здружение за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола |
80 | АСОЦИЈАЦИЈА МИСЛА – Скопје |
81 | Зето-Стар Скопје |
82 | Здружение на производители на органска храна „Биовита“ |
83 | Здружение против дискриминација ЖЕНСКА СOЛИДАРНОСТ Ресен |
84 | Хендмејд арт |
85 | Фолклорна низа |
86 | Здружение за социјализација и неформално учење Среќни приказни |
87 | Африел-позитива |
88 | Авaв хепи дог |
89 | Мултикултура |
90 | Арно |
91 | Бравура кооператива |
92 | Зрак |
93 | Аксиос |
94 | Нел |
95 | ПХ Момент плус |
96 | Арт Еквилибриум |
97 | Здружение на граѓани „Дон Кихот 95“ Гевгелија |
98 | Ансамбал за традиционалана музика и игри БОЈМИЈА Гевгелија |
99 | Инова лаб |
100 | Гоу Грин |
101 | Прв скопски извиднички одред |
102 | Македонска асоцијација за применета психологија СИМБОЛИКУМ Скопје |
103 | Здружение за културна соработка Интеркултура |
104 | Еко Партнерс |
105 | Хуманитарно и добротоворно здружение на Ромската Интелигенција |
106 | Отворен свет |
107 | Реалност |
108 | Подготвеност за Европа 2020 |
109 | Здружение за граѓанска иницијатива во културата ЖАР ПРЕСПА – Ресен |
110 | Здружение за еднакви можности МРЕЖА СТЕЛА |
111 | Здружение на граѓани за социјално економски развој ИН ВИВО – Скопје |
112 | Здружение на дијабетичари ЗД МОСТ – Скопје |
113 | Фондација Ице Бегов – Скопје |
114 | Институт за истражување и анализа на политики Ромалитико |
115 | Доброволно противпожарно друштво Свети Николе |
116 | Здружение на граѓани ГЕВГЕЛИЈА ТОЧАК КЛУБ Гевгелија |
117 | Здружение НАЦИОНАЛНА АЛИЈАНСА ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Гевгелија |
118 | Регионален центар за одржлив развој Гевгелија |
119 | Здружение на граѓани ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС Гевгелија |
120 | Здружение за медиумска писменост Планет-М Скопје |