fbpx
odgovorni-biznisi

Клуб на одговорни бизниси

КЛУБ НА ОДГОВОРНИ БИЗНИСИ

За бизнис клубот

Клубот на одговорни бизниси е клуб во којшто членуваат компаниите коишто се свесни за своето влијание во заедницата и се стремат кон заеднички развој. Клубот е:

  • Клубот им помага на компаниите да ја исполнат својата одговорност кон општеството;
  • е движење што го насочува бизнисите стратешки да придонесат за решавање на значајни општествени проблеми и да работат на теми од јавен интерес;
  • е уникатна можност за здружување ресурси на бизнисите во постојни стручно обмислени програми што имаат конкретни ефекти;
  • е мудра инвестиција во развојот на заедницата и начин бизнисите да ги споделат своите знаења и вредности;
  • претставува платформа за партнерство на бизнисите со граѓанските организации и институциите за изнаоѓање долгорочни и решенија за заедничките предизвици;
  • е мрежа за размена и примена на најдобрите европски приоди во општествената одговорност и начин да се прошири јадрото на одговорни бизниси во земјата.

Клубот на одговорни бизниси спроведува стручно обмислени приоди за општествена одговорност што ги третираат најголемите проблеми во општеството. Клубот нуди можности членките директно да се вклучат во активности без самите да ги организираат и обезбедува простор за обмислување на дополнителни приоди. Се спроведуваат активности што овозможуваат бизнисите да ги споделат своите знаења и да ги насочат кон градење промени. Клубот обезбедува стручни консултации за своите членки и градење на нивните капацитети. За потребите на членките во клубот функционира сервис за поврзување со граѓански организации.

Активностите на клубот се базирани на истражувања и анализа на потребите. Тие не се замена за индивидуалните иницијативи што ги имаат компаниите. Обемот на активности и постигнувањата ќе се зголемуваат со развојот на клубот.

Повеќе информации за клубот може да најдете во лифлетите за Клубот кои се достапни на македонски, албански и англиски јазик.