На 12.06.2023 година се одржа четвртиот донаторски кружок во Брик Бар каде стотина граѓани поттикнати од компаниите за еден час здружено донираа 641.000 ден. Под мотото „Придружи се, испланирај, донирај!“ донаторскиот кружок на Конект веќе стана заедница од индивидуални филантропки и филантропи кои знаат дека со обмислено и паметно донирање можат да придонесат за суштинско решавање на проблемите.
„Има посебна енергија во здруженото донирање. Создава заедница на луѓе што делат вредности и решаваат самите да сторат нешто, наместо да чекаат решенија за проблемите да им дојдат од надвор. Донаторскиот кружок ни ја негува надежта во добрината на луѓето. Конект 15 години е алка на поврзување на донаторите со организациите што се двигатели за подобро општество“ изјави Никица Кусиникова, извршна директорка на Конект.
На настанот се вклучија и компаниите ЕВН Македонија, Фармахем, Сава Пензиско друштво АД, Амбрела, Уника, Халкбанка, Везе Шари, БКС експорт импорт а се донираше за три граѓански организации со иницијативи за социјално претприемништво знаејќи дека тие се идеален модел за инклузивен и одржлив развој. Организациите се претставија преку својот бизнис-модел кој овозможува подобар живот на лицата со попреченост и работно ангажираат лица што е многу тешко да се вработат и тоа:
Конект во периодот кој доаѓа ќе потпише договор за донација со организациите и ќе го следи нивното работење, а со донаторите ќе одржува редовна комуникација и ќе ги информира за реализацијата и постигнувањата од нивната донација.
Донациите и после кружокот сè уште пристигнуваа од заинтересирани граѓани и од компании. Заклучно со 10.08.2023 година собрани се 12.740 евра, односно 783.505 ден. Ова го прави овогодинешниот кружок најуспешен до сега!
За дополнителни информации за кружокот и за да се информирате како да се вклучите во следните изданија, обратете се во Конект на 02/3224 198 или на konekt@konekt.org.mk и паметно вложете ја својата донација.
Донаторскиот кружок се организира во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ спроведуван од Конект.







Фотографиите за Кружокот ги изработи Стефан Самандов. Повеќе фотографии од настанот можете да најдете на овој линк.