
Конект
КОНЕКТ
Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на ГО
Датум: 21/12/2013 – 21/06/2015
Донатор: Европска Унија
Партнери: Центар за даночна политика- Скопје, Европски центар за непрофитно право (ЕЦНЛ) – Будимпешта
Општа цел на проектот: Да придонесе за градење силни и одржливи граѓански организации способни успешно да мобилизираат локални ресурси и да се вклучат во дијалог со приватниот сектор.
Конкретни цели:
- Да се постават темели за долгорочна и поттикнувачка рамка за филантропија и мобилизација на локални ресурси врз основа на истражување и анализа;
- Поддршка на локалните засегнати страни во креирањето и користењето на поттикнувачка правна средина за даночни олеснувања при донирање;
- Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за изнаоѓање и мобилизирање на локални ресурси и воспоставување на долгорочна и одржлива соработка со приватниот сектор;
- Промовирање на најдобрите практики и иницирање дебата за важноста на филантропијата и мобилизација на локални ресурси во градењето на силни заедници.
Резултати и продукти:
- Поставени темели за поволна рамка за филантропија (истражување, кост бенефит анализа, коментари на ЗДСЈД, 4 публикации);
- Поддршка на засегнатите страни во креирањето и користењето на поттикнувачка правна средина за даночни олеснувања при донирање (прирачник за ЗДСЈД, даночен калкулатор, поддршка на институции, интернет сервис за поддрпка: www.donirajpametno.mk);
- Подобрeни на капацитетите на ГО за мобилизирање локални ресурси и соработка со бизниси (обучени над 100 претставници на ГО, 8 видео туторијали, 66 одговорени прашања);
- Промовирање на најдобрите практики и иницирање дебата за важноста на филантропијата (Конференција со 85 учесници, 10.500 лифлети, 35 медиумски објави).
Активности / проектни компоненти:
- Мапирање на постоечката ситуација;
- Поддршка и мониторинг на спроведувањето на Законот за донации и спонзорства;
- Градење на капацитетите на граѓанските организации за мобилизирање на ресурси и воспоставување на дијалог со приватниот сектор;
- Промоција на придобивките од филантропијата и мобилизацијата на локални ресурси.