fbpx
Pokana New

Повелете на Добротворен базар на социјални претпријатија

Драги соработници и пријатели,  

Се радуваме што над 2.000 граѓани, организации и компании се вклучија во првата кампања „Денови за донирање“. Ве покануваме да ни се придружите на настанот што ја заокружува националната кампања за филантропија што сакаме да прерасне во традиција која на сите ќе им овозможи да ја искусат радоста и моќта на здруженото донирање. 🤝 

Затоа в сабота на 02.12.2023 од 13 часот во „East Gate Mall“ посетете го отворањето на добротворниот базар на социјални претпријатија и таму: 

🎁 Донирајте набавувајќи производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија;  

🎶 Уживајте во програмата со Огнен Јанески и музички ѕвезди;  

🎉 Забавувајте се со вашите најблиски и запознајте нови пријатели.  

На настанот доделуваме признанија и се заблагодаруваме на сите наши партнер(к)и на донирање. Бидете и вие дел од нашето филантропско друштво. На добротворниот базар набавете си донаторски ваучери со различна вредност и со нив набавувајте производи и подароци од штандовите на социјалните претпријатија. Така, донирајте за подобар живот и инклузија на најранливите, подобра едукација, достоинтвена работа и добро здравје. Повикајте блиски и пријатели и забавувајте се. Следете нѐ на социјалните медиуми за да ви откриеме повеќе.  

Настанот се одвива во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“.  

Донирај од срце, 💖  

Тимот на Конект