fbpx

Јавен повик за компании: Претходна проверка за човекови права во компанијата

Проектот Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект и Бизнис Конфедерација отвора јавен повик до компаниите за поддршка во имплементацијата на Претходна проверка за човекови права во компанијата.

Што е претходна проверка (due diligence) за човекови права?

Претходна проверка за човекови права во компанијата е процес за управување со ризици што треба да го следат компаниите, со цел да се идентификуваат, спречат, да се ублажат и да се објасни начинот на кој се адресираат негативни влијанија врз човековите права.

Во Претходна проверка се вклучени четири клучни чекори: проценка на актуелните и потенцијалните влијанија врз човековите права; интегрирање и дејствување на наодите; следење на одговорите; и комуницирање за тоа како се адресираат влијанијата.

Што добивате со поддршката?

За постигнување на овие цели нудиме единствена можност на  пет компании  за Претходна проверка за човекови права во нивната компанија, со услуги кои вклучуваат:

  • Услуги на експерт;
  • Поддршка при анализа на податоци;
  • Поддршка при воспоставување на механизми, правила и процедури;
  • Можност за поддршка и консултација со експерти до завршување на проектот.

Кој ја обезбедува оваа поддршка?

Поддршката за спроведувањето на стандардот ќе биде преку проектот Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект и Бизнис Конфедерација, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права. Активностите на проектот се фокусирани кон: 1) активно учество на релевантни засегнати страни во политичкиот дијалог и подигање на свеста во однос на Водечките принципи на ОН за деловни и човекови права (ВПОН); 2. подобрени разбирање, капацитети и знаење за насоките за бизнис и човекови права меѓу бизнис заедницата.

Како да стигнете до оваа погодност?

Аплицирајте со пополнување на пријавата за поддршка заедно со изјава за посветеност  најдоцна до 01.04.2019.