fbpx

Финансиската одржливост е клучен предизвик за граѓанските организации (ГО). Менувањето на правната околина во која ГО функционираат би можела да го ублажи овој предизвик.

„Промени за одржливост“ e проект финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика што цели да придонесе за градење поволна средина за финансиска одржливост на ГО во земјата. Во негови рамки, се формира неформална Мрежа за финансиска одржливост на ГО на којашто до сега се приклучија над 70 граѓански организации. Мрежата застапува за промени во законите од интерес на секторот. Залагајќи се за силни граѓански организации што имаат потенцијал да се развиваат потпирајќи се на локални ресурси и капацитети проектот отвори повик за доделување грантови за ГО.

Ценејќи ја вашата поддршка и интерес за овие иницијативи, особена чест нѝ е да ве поканиме да учествувате на следните настани:

ФОРМИРАЊЕ МРЕЖА за ФИНАНСИСКА ОДРЖЛИВОСТ НА ГО

Скопје, хотел „Холидеј Ин“, 15.02.2018, четврток

од 9:30 до 13:30 ч.

и

ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА за ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ

Скопје, хотел „Холидеј Ин“, 15.02.2018, четврток

од 13:30 до 14:30 ч.

<<Дневен ред>>

Со оглед на големиот интерес за настаните и ограничените капацитети, ве молиме Вашиот интерес да го пријавите во Конект на konekt@konekt.org.mk или на тел 02/ 3224 198 најдоцна до 13.02.2018 год. истакнувајќи за кој настан/и се пријавувате. Патните трошоци за учесниците надвор од Скопје се покриени од организаторот во износ на автобуски билет.