fbpx

Проектот „Промени за одржливост“ ќе обезбеди скроена поддршка (поддршка според потребите) на 30 мали ГО и „грас-рут“[1] организации, низ интерактивни и практични обуки.

Финансиски управување и финансиско известување, план за собирање донации и спонзорства, менаџмент за волонтерство, градење на меѓусекторско партнерство, маркетинг и промоција се некои од темите на обуките. Доколку имате прашања за овие теми или други кои се поврзани со финансиската одржливост на вашата организација, или пак треба да изготвите ваши внатрешни документи, активности, концепти, извештаи итн. искористете ја можноста за скроена поддршка преку овој проект.

За да пријавите интерес пополнете го формуларот што можете да го преземете на овој <<линк>> и пратете го на fondacija@apollonia.com.mk најдоцна до 08.11.2018.  Поради големиот интерес и ограничениот максимален број на учесници можно е да се спроведе процес на селекција.

Обуките ќе се одржуваат во Скопје, за точните термини и локацијата ќе бидете информирани дополнително. Ќе бидат одбрани 30 мали ГО и грас рут организации, а секоја организација ќе добие поддршка за една специфична тема. Патните трошоци за организациите надвор од Скопје се покриени од проектот.

Обуката е обезбедена од проектот „Промени за одржливост“ кој е финансиран од Европската Унија, а спроведуван од здружението Конект, Фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика. Проектот има цел да придонесе во градењето поволна средина за финансиска одржливост на граѓанските организации (ГО)  во земјата.

—————-

[1] „Грас-рут организација е самоорганизирана група на поединци кои работат за заеднички интереси преку волонтерски-базирана, непрофитна организација. Грас-рут организациите обично имаат низок степен на формалност, но поширока цел од групите за самопомош, организации во заедницата или месните заедници.“

Anheier, H./List, R. Dictionary of Civil Society, London: Routledge, 2005