fbpx

06.10.2022 г.

Одржана средба на меѓу-секторската работна група за бизнис и човекови права

 

16.06.2022 г.

Одржана панел-дискусијата „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“

На 15-ти јуни 2022 година во рамки на ЕУ проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосситем“, Конект во партнерство со Фондацијата Метаморфозис  организираше панел-дискусија на тема „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“.

Настанот се искористи за да се претстават и презентираат планираните активности и очекуваните резултати од проектот. Дополнително се овозможи да се зборува на актуелните трендови и процеси поврзани со заштита на лични податоци во земјата и пошироко. На настанот се обратија претставници од Делегацијата на Европска унија,  Агенцијата за заштита на лични податоци, Фондација Метаморфозис и здруженние Конект.

Се најавија и престојните активности во нрамките на проектот, меѓу кои и обуки кои се предвидени за претставници на институции, граѓански организации, медиуми и деловни субјекти на теми поврзани со правото на заштита на лични податоци.

 

10.06.2022 г.

Панел-дискусија „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“

Во среда, 15.06.2022 во Хотел Квинс, со почеток од 10 часот, ЕУ проектот „Техничка и интегрирана заштита на лични податоци – градење инклузивен дигитален екосистем“ организира панел дискусија на тема „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“. Панел дискусијата е наменета за претставниците на граѓанските организации, институциите, медиумите и сите други поединци кои сакаат да дознаат нешто повеќе за заштитата на личните податоци. Учесниците на средбата ќе имаат можност:

  • да дознаат нешто повеќе за системот за заштита на лични податоци во ЕУ и во земјата;
  • да се запознаат со планираните активности во рамки на проектот и да ги дознаат можностите за вклучување во проектот.

Покрај тоа, учесниците ќе имаат прилика и да ги споделат своите ставови и искуства поврзани со заштитата на приватноста и на личните податоци. Проектот е кофинасиран од Европската Унија, а го спроведува Фондација Метаморфозис во партнерство со Здружение Конект. Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.

Сите што сакаат да присуствуваат на настанот, ги замолуваме да го пополнат овој формулар. Ве очекуваме!

 

Прашалник за познавање на правото на заштита на личните податоци и потребите и навиките при користење интернет

*рокот на прашалникот е продолжен до 27.03.2022 година, недела

Во рамки на проектот „Техничка и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосистем“, кофинансиран од Европската Унија, Фондација Метаморфозис и Здружение Конект спроведуваат истражување за запознаеноста на граѓаните со правата на заштита на личните податоци и на приватноста, како и потребите и навиките поврзани со користењето интернет и електронски алатки.

Ги покануваме сите заинтересирани лица да дадат свој придонес кон истражувањето преку пополнување на прашалникот достапен на овој линк: Линк до прашалник најдоцна до 20 март (недела). Збирните резултати од истражувањето ќе бидат искористени за планирање и организирање на понатамошните активности во рамки на проектот.

Ви благодариме за придонесот!