fbpx

За граѓанските организации ресурсите од граѓаните и бизнисите во било кој облик (пари, материјални добра, волонтерски ангажман итн.) се особено значајни бидејќи го зајакнуваат легитимитетот на организациите, нивната видливост и имиџ во јавноста и ја подобруваат финансиската одржливост. Бизнисите и граѓаните донираат, но организациите и граѓанските иницијативи ретко им се обраќаат и бараат од нив, или пак лесно се обесхрабруваат. Во рамки проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“, Конект го пренесува своето стручно знаење за да ви помогне чекор по чекор да направите успешен модел за прибирање средства и поддршка од локални извори. Затоа, пријавете се за обука.

За кого е наменета обуката?

Граѓански организации (здруженија и фондации), Грас-рут организации[1], социјални претпријатија, граѓански иницијативи и групи во заедниците (формални и неформални).  Учесниците ќе работат во парови (по двајца претставници) и бројот е ограничен. Обуката е на ПОЧЕТНО НИВО наменето за учесници:

  • без или со скромно искуство во прибирање на ресурси и поддршка од локални извори (бизниси, граѓани и други субјекти);
  • се мотивирани да обмислат и тестираат модели и алатки за оваа намена;
  • спровеле вакви активности, но се обесхрабриле бидејќи не увиделе успех;
  • посветени и мотивирани да спроведат последователни активности за прибирање на ресурси и поддршка за примена на стекнатите знаења;

                Напомена: За организации и иницијативи со средно и напредно ниво на знаење и искуства во локално прибирање на ресурси, ќе организираме специфични обуки што ќе одговараат на нивните потреби.

Во случај на голем интерес, а поради ограничениот капацитет на просторот ќе се примени селекција. Предност имаат организции што аплицирале за донаторскиот кружок во 2022 год. За сите коишто ќе аплицираат ќе ги имаме предвид потребите на организациите и ќе понудиме различни форми на поддршка од Конект.

Колку време траат и кога се одвиваат обуките?

Обуката од почетно ниво трае 2 работни дена. Оваа обука во 2022 година ќе ја одржиме два пати  да опфатиме вкупно 50 учесници од 20тина организации и иницијативи. Првата дводневна обука ќе одржи на 06 и 07 јули 2022 (среда и четврток) во Велес. Обуките се планираат да се одржат во живо, а патните и трошоците за сместување ќе бидат покриени од организаторот.

Како да се пријавиме?

Пополнете го прашалникот достапен овде. Крајниот рок за пријавување е 29.06.2022 година. Секој тим ќе биде известен за исходот. Една организација/иницијатива учествува со тим од најмалку 2, а најмногу 3 претставници по одобрување од организаторот.

Што поконкретно ќе научиме и добиеме?

                Ќе научиме:

  • како локалното прибирање средства и диверзификацијата на ресурсите ќе ја зајакне вашата организација/иницијатива
  • да ги надминеме невистините и претпоставувањата за различни засегнати страни и потенцијални донатори;
  • да идентификуваме потенцијални донатори (од бизнис секторот и индивидуалци);
  • да развиваме алатки за прибирање средства и поддршка во разни форми на соработка;
  • чекор по чекор да направите конкретен план скроен за вашата организација/ иницијатива;
  • соодветно да комуницираме за цели на прибирање средства;
  • да градиме и негуваме долгорочни односи и партнерства со донаторите и поддржувачите.

Дополнително ќе добиете:

  • Директна поддршка за најуспешните планови за локално прибирање средства што ќе ги развивате на обуките (по процес на селекција). Поддршката е во покривање на трошоци и логистичка поддршка за настани за локално прибирање на ресурси, промотивни материјали итн.
  • Можност за специјализирано менторство „чекор по чекор“ со поставени цели и следење на постигнувањата;
  • Можност за учество во дополнителни специјализирани обуки од средно и напредно ниво;
  • Користење пакет применливи алатки за вашите активности за прибирање средства (урнеци на писмени барања, покани, листи за проверка, комуникациски материјали за вашите настани и алатки за прибирање донации);
  • Користење платформи за лесно онлајн донирање со ваши актуелни кампањи за прибирање средства (краудфандинг, апликација и др. алатки за активација на вашите донатори);
  • Учество во национална кампања за донирање;
  • На барање на компаниите, поврзување со потенцијални бизнис поддржувачи преку сервисот „Конектирај се!“;
  • Поддршка за стекнување со Ознаката за доверба за граѓански организции проверени и препорачани за поддршка од бизнисите и граѓаните.

Со кого да поразговараме и да се посоветуваме?

Слободно контактирајте со Виктор Мирчевски, Програмски раководител на Конект на 02/3224 198,  071 20 66 33 или viktorm@konekt.org.mk

[1] „Грас-рут организација е самоорганизирана група на поединци кои работат за заеднички интереси преку волонтерски-базирна, непрофитна организација. Грас-рут организациите обично имаат низок степен на формалност но поширока цел од групите за самопомош, организации во заедницата или месните заедници“ –  Anheier, H./List, R. Dictionary of Civil Society, London: Routledge, 2005