
Конект
КОНЕКТ
Училишен проект на ЕВН Македонија / едукативен проект за разумно и ефикасно користење на енергија
Датум: 01/09/2007 – тековно
Донатор: ЕВН Македонија (корпоративен донатор)
Имплементација: Проектот е координиран од Конект и имплементиран во партнерство со 4 граѓански организации што работат во доменот на млади и животна средина.
Општа цел на проектот: Асистирање на корпоративниот донатор (ЕВН) во дизајнот и имплементацијата на училишен сервис: едукација на ученици од основните училишта за енергетска ефикасност.
Постигнати резултати:
- Проектот се спроведе во над 352 основни училишта во сите општини низ Република Македонија;
- Одржани над 1.530 работилници;
- Креирана поволна средина за развој на ООП;
- Над 36.000 ученици беа едуцирани за тоа како разумно да ја користат енергијата;
- Продукција на едукативни материјали на македонски и албански јазик;
- Сите општини во Македонија учествуваа во проектот;
- Формирани се 65 училишни клубови во 42 општини.