Проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика по два јавни повика до граѓанските организации (ГО) на кои се вкупно примени 139 апликации додели се 16 грантови. 8 корисници на грант се од Скопскиот регион, 2 од пелагонискиот, 2 од Вардарскиот и по еден од Североисточниот, Источниот и Југоисточниот и Полошкиот. Ре-грантирањето низ критериумите обезбеди предност на помали и „грас-рут“организации. 14 организации корисници на грант ( 87,5% од доделените грантови) оствариле приходи под 50.000EUR во минатите 2 години. За повеќе информации преземете:
Преглед на доделени грантови
<<Приказните на нашите грантисти >>
Во продолжение следува објавата и на вториот јавен повик
Јавен повик за доделување грантови бр. 2
Датум на објава: 03.07.2018
ЗАТВОРЕН ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
ЈАВЕН ПОВИК
до граѓански организации за доделување грантови
ЗАТВОРЕН ЗА АПЛИЦИРАЊЕ
Проектот „Промени за одржливост“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект, Фондација Аполонија и Центарот за даночна политика отвора јавен повик до граѓанските организации (ГО) за доделување грантови. Главна цел на проектот е да придонесе за градење поволна средина за финансиска одржливост на ГО во земјата.
Грантовите го поттикнуваат прибирањето локални ресурси за иницијативите на ГО и зајакнувањето на меѓусекторските партнерства со што се придонесува за одржливоста на ГО, нивните иницијативи и резултати.
Право на учество согласно критериумите за подобност имаат сите заинтересирани домашни граѓански организации формирани согласно Законот за здруженија и фондации што се регистрирани најмалку една година пред објавата на овој повик. Посебно се охрабруваат помалите и „грас рут“[1] ГО да аплицираат на повикот.
Грантовите се доделуваат во два вида поддршка:
- Поддршка I: Проекти имплементирани со меѓу-секторско партнерство
Проекти спроведувани од ГО во партнерство со најмалку едно претпријатие и можност за други партнери од бизнис или други сектори. Партнерите на ГО ќе имаат специфична улога во проектот и ќе го поддржат со обезбедување на ресурси и директно вклучување за успешна имплементација.
- Поддршка II: Модели за локално прибирање ресурси
Грантови за ГО за спроведување на модели за мобилизирање на локални ресурси за одржливост на нивните иницијативи и резултати.
Рокот за поднесување на апликациите е најдоцна до 03.08.2018 до 16 часот (до овој рок апликацијата треба да e поднесена до Здружението Конект- Скопје). Апликациите се доставуваат во еден примерок по пошта, курир или лично на адреса: Здружение Конект, ул. „Владимир Полежиновски“ бр. 19-1/6, 1000 Скопје.
Секој апликант може да достави само една апликација во рамки на повикот. Секој апликант аплицира во една од понудените области со една апликација. Апликантите можат да бидат ко-апликанти во една друга апликација. Минималната сума за која може да се аплицира е 61.500 ден, а максималната 369.000 ден.
Целокупни информации за целите, активностите, критериумите за доделувањето на грантовите, се наоѓаат во програмата. Дополнителни информации и прашања се поставуваат на konekt@konekt.org.mk согласно насоките во упатството за апликанти.
Согласно Јавниот повик, апликантите доставуваат:
- Формулар за аплицирање << преземи >>
- Предлог буџет << преземи >>
- Прилог документи согласно Програмата за доделување грантови и упатство за аплицирање. << преземи >>
Сите потребни документи се достапни за преземање од www.konekt.org.mk.
Се замолуваат ГО да го проследат овој повик до сите заинтересирани соработници формирани согласно Законот за здруженија и фондации.
Информативна средба во врска со повикот се одржа на 13.07.2018 во Велес.
На следниов << линк >> можете да ги погледнете прашањата и одговорите од информативната средба и
<< презентацијата >> на јавниот повик и критериумите за аплицирање.
1* „Грас-рут организација е самоорганизирана група на поединци кои работат за заеднички интереси преку волонтерски-базирана, непрофитна организација. Грас-рут организациите обично имаат низок степен на формалност, но поширока цел од групите за самопомош, организации во заедницата или месните заедници.“ Anheier, H./List, R. Dictionary of Civil Society, London: Routledge, 2005