
Со задоволство ве покануваме на промоција на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку застапување за политики“.
Промоцијата ќе се одржи на 19.06.2025 година, со почеток во 10.30 часот во Хотел Панорамика Дизајн и Спа , Скопје.
Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации во градење инклузивен дијалог, зајакнување на меѓусекторската соработка и подобрување на нивната способност за мониторинг, застапување и активности на надзор на јавните политики. Проектот ќе отвори и можности за вклучување на ГО и на компаниите во активности за градење капацитети, јавни дебати и грантови.
Проектот е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) во партнерство со Здружението Конект и здружение „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје.
Програма
🔹 Воведно обраќање од претставник на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија
🔹 Претставување на проектот и неговото очекувано влијание
🔹 Тематска панел-дискусија за значењето на меѓусекторските партнерства за унапредување на политиките и практиките за заштита и обнова на животна средина
Пријавете го вашето присуство на следниот <<линк>> најдоцна до 18.06.2025г. до 15 часот.
Ве очекуваме на настанот заеднички да придонесеме кон поодржлива иднина!