Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Завршна конференција проект „Фондации на заедницата“

17.10.2025 | 12:30 pm - 4:00 pm

Со големо задоволство ве покануваме на завршниот настан од проектот „Фондации на заедницата – Зајакнување на локалната филантропија на Западен Балкан“, регионална конференција посветена на споделување на увидите, искуствата и научените лекции од целиот регион. Настанот ќе ги обедини клучните чинители — вклучувајќи институции, граѓански организации, локални бизниси и претставници од заедниците — за заедничко видување за улогата на фондациите на заедницата во поттикнување на одржлив развој, социјална кохезија и граѓанска вклученост.

Прв дел -📍 Скопје | 21.10.2025, 12.30 – 16:00 часот | Клуб на пратеници

Втор дел -📍 Скопје | 22.10.2025, почеток 11.30 – 13:00 часот | Младински центар Матично

🔍 Што да очекувате:

  • Презентација на клучни наоди и добри практики од регионот
  • Споделување искуства од студиската посета во Србија и Босна и Херцеговина и европски перспективи за фондациите на заедницата
  • Дијалог за иднината на фондациите на заедницата на Западен Балкан
  • Можности за вмрежување и меѓусекторска соработка

Со споделување на научените лекции до поширока публика, конференцијата има за цел да ја зголеми јавната свест и да ги поттикне засегнатите страни, поддржувајќи го зголемувањето на бројот и долгорочната одржливост на фондациите на заедницата во регионот.

Придружете ни се во обликувањето на поинклузивна, поотпорна и иднина водена од потребите на заедниците.

📩 Ве молиме потврдете го Вашето присуство најдоцна до 17.10.2025 на следниот <<линк>>.

Ве очекуваме!

Проектот „Фондации на заедницата – зајакнување на локалната филантропија во Западен Балкан“ е спроведуван од здружение „Конект“ во партнерство со „Траг“ фондација од Србија и „Фондација на заедницата Тузла “ од БиХ. Проектот е финансиран од Фонд за Западен Балкан и Европската Унија, како дел од седмиот повик за предлози во рамки на заедничката акција на Фондот за Западен Балкан и ЕУ.

За сите дополнителни прашања, ве молиме контактирајте со Никола Трајковски, програмски соработник во Конект (е-пошта: nikolat@konekt.org.mk  и мобилен: +389 71 399 603).

Детали

  • Датум: 17.10.2025
  • Време:
    12:30 pm - 4:00 pm

Локација

  • Klub na pratenici
  • Mitropolit Teodosij Gologanov 45, Skopje 1000
    Skopje, 1000 North Macedonia
    + Google Map