Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Дојди на донаторски кружок 2025

12.6.2025 | 6:30 pm - 9:30 pm

Шестиот донаторски кружок на Конект ќе се одржи на 12.06.2025 г. во просториите на Македонски Телеком (Кеј 13-ти Ноември бр. 6, Скопје) со почеток од 19 часот.

Потврдете го вашето присуство <<овде>> и дојдете заеднички да ги поддржиме трите иницијативи што се претставуваат на кружокот. Годинава на донаторскиот кружок ќе биде доделен и грант за поддршка на засегнатите сограѓани од трагедијата во Кочани од средствата од наменскиот донаторски фонд.

На донаторскиот кружок ќе донираме за:

ХОПС – Опции за здрав живот 

70% од младите експериментираат со дроги, а не знаат како да се заштитат во ризични ситуации. Донирај за стручните лица на „ХОПС“ да станат први другар(к)и во ноќните клубови, парковите и фестивалите. Да одговорат на сите скришни прашања со проверени информации, да помогнат и отворат можност за поддршка. Направи ја младешката љубопитност безбедна и поддржи здрави животни избори.  

Здружение До бебе по пат на ин-витро 

Имаме сѐ помалку новороденчиња. Животот е во расчекор со биолошкиот часовник, па науката често мора да помогне за да се создаде нов живот. Од редовни инјекции, низ административни лавиринти и многу обиди одново – патот на биофертилизација не е лесен. „До бебе по пат на ин-витро“ им помага на 70 сограѓан(к)и да си ја остварат желбата да бидат мама или тато. Донирај за бебенцата што сѐ уште се на пат. 

Здружение на лица со дијабет Охрид 

Расте бројот на деца со дијабет. Кога слатките задоволства се строго забранети, а времето се мери во инсулински дози детството станува поинакво. Донирајте за 500 основци да научат да го чуваат своето и здравјето на другарчињата со дијабет. Така грижата ќе биде споделена, здравата храна „ин“, а во училниците ќе има и кутии за итни случаи со сѐ што е потребно за брза реакција на наставниците. Донирај за „Здружение на лица со дијабет Охрид“.  

Придружи се. Испланирај. Донирај.

Да донираш е љубов. Се гледаме на донаторски кружок 2025. ❤️

Детали

Организатор

Локација

  • Македонски Телеком
  • Кеј 13. Ноември бр. 6
    Skopje, 1000 North Macedonia
    + Google Map