
Настан што ја заокружува националната кампања за филантропија „Денови за донирање“ која на сите им овозможува да ја искусат радоста и моќта на здруженото донирање. На добротворниот базар на социјални претпријатија ќе можете да донирате набавувајќи производи и новогодишни подароци од социјални претпријатија и да се забавувате се со вашите најблиски, но и да запознаете нови пријатели. На настанот ќе бидат доделени признанија и ќе се заблагодариме на сите наши партнер(к)и на донирање.
На добротворниот базар набавете си донаторски ваучери со различна вредност и со нив набавувајте производи и подароци од штандовите на социјалните претпријатија. Бидете и вие дел од нашето филантропско друштво. Повикајте блиски и пријатели и забавувајте се.