
Бидете дел од донаторскиот кружок во Гостивар, настан кој на едно место ќе ги собере индивидуалните донатори и граѓанските организации со влијателни иницијативи вредни за поддршка кои ќе ги претстават пред публиката на настанот. Youth and Community Center од Гостивар, како локален партнер на Конект го организира настанот со цел да ги обедини ресурсите и да ги насочи кон решавање на дефинирани проблеми во општина Гостивар.