
Хуманитарна изложба која има за цел да собере средства за едукација на млади девојки. Средствата собрани на истата преку продажба на уметнички дела, донаторски кутии,онлајн донации и спонзорства и донации од компании ќе се искористат за обезбедување стипендии за 5 млади девојки кои имаат желба и потенцијал, а поради финасиски причини не се во можност да го продолжат своето образование. Секој прилог во рамките на оваа изложба е директна инвестиција во иднината на овие девојки.