Loading Настани

« Сите Настани

  • This event has passed.

Промоција на проектот „Еко дијалог кон ЕУ“

19.6.2025 | 10:30 am - 12:30 pm

Со задоволство ве покануваме на промоција на проектот „Еко дијалог кон ЕУ: Поттикнување на еколошки промени преку застапување за политики“.

Промоцијата ќе се одржи на 19.06.2025 година, со почеток во 10.30 часот во Хотел Панорамика Дизајн и Спа , Скопје.

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации во градење инклузивен дијалог, зајакнување на меѓусекторската соработка и подобрување на нивната способност за мониторинг, застапување и активности на надзор на јавните политики. Проектот ќе отвори и можности за вклучување на ГО и на компаниите во активности за градење капацитети, јавни дебати и грантови.

Проектот е кофинансиран од Европската Унија и имплементиран од Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип (ФРЛЗ) во партнерство со Здружението Конект и  здружение „АГОРА Центар за промовирање на граѓански вредности“ Скопје.

Програма

🔹 Воведно обраќање од претставник на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија

🔹 Претставување на проектот и неговото очекувано влијание

🔹 Тематска панел-дискусија за значењето на меѓусекторските партнерства за унапредување на политиките и практиките за заштита и обнова на животна средина

Пријавете го вашето присуство на следниот <<линк>> најдоцна до 18.06.2025г. до 15 часот.

Ве очекуваме на настанот заеднички да придонесеме кон поодржлива иднина!

Детали

  • Датум: 19.6.2025
  • Време:
    10:30 am - 12:30 pm

Организатор

Локација

  • Hotel Panoramika Design and Spa
  • Todor Aleksandrov 57, Skopje 1000
    Skopje, 1000 North Macedonia
    + Google Map