Фондацијата „Аполонија“ како локално акциско јадро на Конект, го организира првиот донаторски кружок во Гевгелија. Ова е уникатна можност за граѓанските организации да ги претстават своите проекти пред донатори и да обезбедат финансиска поддршка за позитивни промени во заедницата. Тоа е настан кој ги спојува граѓаните што сакаат да донираат со доверливи организации кои нудат решенија за локалните предизвици.