Од 24 до 25 септември 2025 година во Велес одржавме дводневна работилница за претставници од институции на тема родово одговорни семејни политики. Активно учество земаа учесници 29 претставници од Министерство за економија и труд, Министерство за социјална политика, демографија и млади, Собрание на Република Северна Македонија, Државен инспекторат за труд, Совет на инспекциски органи, Управа за јавни приходи (УЈП), Биро за развој на образованието, Општините (Тетово, Штип, Аеродром, Битола) и Средното стручно текстилно училиште од Штип.
Работилницата послужи како платформа каде што институциите отворено размислуваа за системските празнини како што се потребата од подобрени флексибилни работни аранжмани, подобри механизми за заштита од мобинг на работното место и можности за интегрирање на политиките прилагодени за семејствата во сите закони и прописи. Учесниците идентификуваа сет на клучни мерки насочени кон унапредување на квалитетот на работниот живот, поддршка на семејствата и промоција на родово одговорни семејни политики во јавниот и приватниот сектор.
Учесниците идентификуваа сет на клучни мерки насочени кон унапредување на квалитетот на работниот живот, поддршка на семејствата и промоција на родово сензитивни политики во јавниот и приватниот сектор.














