Проект „Здружи се за заедницата“

03 октомври 2022 | 15:36

Позадина

Филантропското донирање има потенцијал да генерира значителни локални ресурси за социјално влијание и развој на земјата. Иако повеќе од половина од компаниите во Северна Македонија се занимаваат со филантропско донирање, донациите често не се инвестираат стратешки, ниту пак компаниите се во можност да го измерат влијанието. Голем дел од филантропската поддршка е насочена кон задоволување на итните потреби на поединците. Понатаму, организациите на граѓанското општество (ГО) – кои играат важна улога во спроведувањето активности за развој и социјално влијание – се речиси целосно зависни од донатори. 89% од ГО во Северна Македонија никогаш не добиле средства од локални извори. Општините почнаа да ги вклучуваат граѓаните во идентификувањето на приоритетите на заедницата и нивното решавање. Сепак, нивната способност да го сторат ова е предизвикана од недостаток на човечки и финансиски ресурси за воспоставување ефикасни механизми. Филантропијата е моќна алатка која може да им овозможи на граѓаните, приватниот сектор и ГО да се справат со развојните предизвици во заедниците, а истовремено да се одговорат на социјалното влијание врз целокупниот развој на земјата.

Цел на проектот

Сеопфатната цел е да се дизајнираат, развијат и спроведат одржливи системи коишто ги зајакнуваат локалните капацитети на заедниците. Овие системи ќе им овозможат на заедниците да планираат, финансираат и реализираат решенија за своите предизвици и приоритети. Исто така проектот овозможува создавање и реализирање на одредени иницијативи за поддршка на локалните заедници, ќе се воспостават локални партнерства со цел да се искористат локалните ресурси. Овие иницијативи опфаќаат локална активација преку локални акциски јадра и платформата за граѓанско учество „Комунити“, која транспарентно ќе го стимулира локалниот дискурс поврзан со локално идентификуваните приоритети на заедницата.  

Очекувани резултати и импакт

  • Локалните актери соработуваат заедно за да го водат локалниот развој
  • Локалните актери мобилизираат ресурси за развојните приоритети кои ќе ја подобрат заедницата 
  • Развивање на успешен модел на мобилизирање на ресурси кој ќе биде одржлив и реплициран врз други заедници 

Имплементатори

Здружение Конект, во партнерство со Фондација Аполонија, Индиго и ЕВН

Времетраење

Септември 2022 – септември 2027

Вкупен буџет

$2 милиони

Пилотирање на моделот во 6 општини

Почетно пилотирање и тестирање на инфраструктурата во Гевгелија, Гостивар, Охрид, Струмица, како и во Чаир и Шуто Оризари.

Кој ќе оствари придобивка?

  • Граѓанските организации и групите на заедницата коишто учествуваат во развојни  активности и каузи, oсобено оние коишто вклучуваат млади луѓе, жени и пензионери од заедницата. 
  • Ангажирани локални жители, без оглед на тоа дали се постојани жители или се дел од дијаспората, коишто сакаат да го поддржат развојот на својата заедница. 
  • Компании од сите големини коишто сакаат да бидат сила што ќе носи позитивни промени во заедниците во кои тие дејствуваат и работат. 
  • Институции, вклучително локални самоуправи и локално поставени национални институции. 
  • Нaшиот фокус ќе биде насочен кон младите и жените, при тоа стремејќи се да оствариме меѓуресорски и меѓугенерациски синергии.  

Преземи повеќе информации за преоктот преку проектниот лифлет достапен на македонски, англиски, албански и ромски јазик.