
Во изминатите две години, а особено по појавата на Ковид-19, забележлива е тенденцијата на државните институции во Северна Македонија да обезбедуваат повеќе услуги преку Интернет. Сепак, не постои заедничка рамка и стандард за институциите да развиваат дигитални услуги, а различни институции користат различни пристапи при распоредувањето на нови дигитални услуги. Постои очигледна потреба од модел кој вклучува политики, процедури и технички спецификации кои обезбедуваат заштита и безбедност на личните податоци. Заедничко за повеќето актуелни е-услуги во Република Северна Македонија е отсуството на Проценка на влијанието врз приватноста што треба да ја осигура техничката и интегрираната заштита на личните податоци на новите е-услуги и недостатокот на транспарентност што обично вклучува објавување на политики за приватност што не го следат минималниот GDPR (Општа регулатива за заштита на податоците) и барањата на националното законодавство за информирање на субјектите на податоците (граѓаните – носители на правата). Во извештајот на ЕК за напредокот на земјата се забележува дека повеќето препораки од Агенцијата за заштита на лични податоци не се целосно имплементирани од засегнатите институции и не сите закони и подзаконски акти кои ја регулираат обработката на личните податоци се доставени до Агенцијата пред усвојувањето.
Новиот Закон за заштита на личните податоци во Северна Македонија беше донесен во февруари 2020 година, целосно усогласен со GDPR. Новиот закон стапи на сила на 24 август 2021 година. Согласно овој закон сите правни субјекти сега треба да ги усогласат своите внатрешни процедури и политики со новиот закон, а акцијата ќе помогне во спроведувањето на овие мерки за граѓанското општество, државните институции и бизнис секторот.
Во преодниот период, Агенцијата за заштита на лични податоци спроведува генерички обуки за правни лица, но и многу кампањи за подигање на свеста на граѓаните за нивните нови права. Упатството за усогласување на внатрешните процедури беше издадено дури откако законот стапи на сила на 24 август 2021 година, а на правните лица сега им треба повеќе време за да го извршат усогласувањето. Новата, модерна регулатива им дава на граѓаните поголема моќ преку остварување на нивните права за контрола на обработка на нивните податоците, а акцијата ќе ја направи оваа предност очигледна за сите засегнати страни.
Општата цел на проектот е да се зајакне свеста и капацитетот на граѓаните и граѓанските организации (ГО) за компетентно управување со дигиталната средина и барање зголемена заштита на приватноста, истовремено поддржувајќи ги одговорните државни институции и другите засегнати страни како носители на должност да работат во служба на општеството и заштита на граѓаните. Поточно проектот ќе:
1 февруари 2022 година – 31 јули 2023 година
На ниво на Република Северна Македонија.