
Проектот Еко дијалог кон ЕУ има за цел да го поттикне преминот кон зелена и одржлива економија во Република Северна Македонија, усогласена со Европскиот Зелен договор, преку заеднички напори на сите засегнати страни. Поспецифично, целта е да се промовира меѓу-секторски дијалог и соработка за циркуларна економија и управување со отпад, да се зајакне граѓанското општество за застапување за политики, и да се подобри учеството на засегнатите страни во креирањето и спроведувањето на еколошки политики.
1) Зајакнатото учество на засегнатите страни во обликувањето и спроведувањето на еколошките политики и практиките за циркуларна економија.
2) Зголемено влијание на граѓанското општество во промоцијата и заштитата на човековите права и процесот на пристапување кон ЕУ.
3) Културата на транспарентна соработка и доверба помеѓу владата, граѓанскотоопштество и бизнисите, преку ефективно партнерство и промоција на циркуларна економија, ќе го подобри квалитетот на живот, ќе поттикне зелен раст и ќе придонесе за ефикасно користење на ресурсите преку одржливи модели на производство и потрошувачка.
4) Акцијата ќе помогне во намалување на отпадот, намалување на загадувањето и ќе ги направи градовите поотпорни на климатските промени.
1 март 2025 – 30 септември 2027
На ниво на Република Северна Македонија.