Проект: Цели за одржлив развој (SDGs) – Да не оставиме никој зад себе

10 септември 2020 | 15:46

Цел на проектот

Главната цел на проектот Целта е да се придонесе кон подобрени услови за спроведување на Агендата 2030 и процесите на VNR во Северна Македонија преку вмрежување, учење и размена помеѓу сите засегнати страни.

Очекувани резултати

  • Поддршка на партнерските влади во дизајнирањето на социјален дијалог за Агендата 2030.
    • Воспоставен дијалог помеѓу јавноста, граѓанското општество и деловниот сектор преку тематска работна група „Цело општество“.
    • Идентификувани и имплементирани заеднички проекти.
    • Воспоставен меѓусекторски дијалог преку тематска група за предизвиците поврзани со податоците и дефинирани препораки.
  • Локализација на Агендата 2030 и принципот „Да не оставиме никој зад себе“ (LNOB) на општинско ниво.
    • Поголемиот дел од општините се информирани за можностите што ги нуди агендата за одржлив развој.
    • 4 општини го зголемија својот капацитет и се обврзаа на конкретни чекори за акција за спроведување на агендата за одржлив развој.

Имплементатори

  • Носител: Здружение Конект Скопје

Времетраење

07 август 2020 – 28 февруари 2022

Вкупен буџет

  • Вкупен буџет на проектот: 34,094.00 €

Локација на спроведување на проектот 

На ниво на Република Северна Македонија.

Донатор и грантова шема

  • BMZ via GIZ, under the Project Combating Illicit Financial Flows

За повеќе информации посетете ја веб страната www.sdgs.mk. А подоле и видео материјали креирани во рамки на проектот.